Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за правична застапеност оди во Собранието
Македонија

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за правична застапеност оди во Собранието

08/04/2026

AA

Владата го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, сошто се заокружува важен процес кој помина низ неколку фази и кој беше внимателно изграден и по мислењето на Венецијанската комисија, информира првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали.

По денешното усвојување во Владата, законот ќе биде проследен до Собранието.

Уставниот принцип на правична и соодветна застапеност се издигнува на ниво на законска материја и како таков станува задолжителен за сите државни институции, се вели во соопштение на Министерството за европски прашања.

„По одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот, стана уште појасно дека државата не може повеќе да продолжи со делумни решенија или со привремени механизми. Потребен беше закон. И денес, по целиот овој процес, ние имаме таков закон.

Она што го носи овој закон е дека за првпат, правичната и соодветна застапеност не останува само општ принцип, туку станува законска обврсказ а институциите. Значи, имаме закон. Исто така, законот воспоставува конкретни механизми за негова примена, односно се правизначителен напредок во правичната и соодветна застапеност.

Законот предвидува формирање на Координативнотело за следење на правичната и соодветна застапеност со одлука на Владата. Ова тело ќе го следи, мониторира и ќе го гарантираспроведувањето на законот во пракса. Ова е многуважно, бидејќи без ваква алка на одговорност, секојзакон ризикува да остане само формален.

Воедно, законот предвидува во рок од 6 месеци по неговото донесување да се изврши усогласување на релевантното законодавство и да се донесат подзаконски акти со кои ќе се уредат деталите за имплементација на законот. Сето ова ќе овозможи ова прашање да не остане изолирано само во еден текст, туку да се рефлектира низ целиот институционален систем.

Една од главните цели на ова решение е и затворање на просторот за нејаснотии, импровизации и злоупотреби кои во минатото создаваа проблеми и недоверба. Значи, се воспоставува појасен, поконтролиран и посериозен пристап.

Вреди да се нагласи дека овој закон го носи печатот на Венецијанската комисија. Истиот е изработен и усогласен по позитивното мислење и препораките на оваа комисија. Тоа значи дека денес немаме текст донесен набрзина, туку решение кое поминало низ сериозен правен, институционален филтер.

Почитувани, овој закон има една единствена цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз знаење, професионализам, одговорност и интегритет. Ние не градиме сериозни институции оставајќи празнини, туку воспоставувајќи ред и одговорност.

Со овој закон, воспоставуваме баланс и истовремено ги поставуваме темелите на професионална, транспарентна, модерна и силна мултиетничка администрација. Силната администрација не е во интерес само на едназаедница. Таа е во интерес на секој граѓанин. Кога институциите се правични и ефикасни, сите имаат придобивка.

Посебно внимание се посветува на подобрување на застапеноста на граѓаните кои припаѓаат назаедниците што се подзастапени во органите на државната власт и другите институции од јавниот сектор, при што квалификациите, стручноста и компетентноста претставуваат примарен критериум, а припадноста кон под застапеназа едница може да се земе предвид само како секундарен критериум, во случај на еднакви квалификации и компетентност на кандидатите.

Ова е начинот на кој се зајакнува довербата меѓуграѓаните и меѓу заедниците. И ова е начинот на којсе зајакнува самата држава.

Ние очекуваме сериозна дебата, со аргументи и одговорност, бидејќи станува збор за прашање што му е потребно на државата и кое требаше да се реши многу порано. Со овој закон, воспоставуваме ред, создаваме основа институциите да им служат на сите граѓани со правичност, сериозност и еднаквост“, велат од Министерството за европски прашања.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени

28/07/2026
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44702
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Акциска контрола во Кочани и Виница: 59 казни, тројца приведени и одземени три мотоцикли

28/07/2026

Вкупно 59 прекршоци, три приведени лица и три одземени мотоцикли е билансот од акциската контрола што полицијата ја спроведе на

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy