
ПАНИКА НА КРИМ: Руски официјални лица тврдат дека собориле украински проектил, сообраќајот на мостот е прекинат
Сообраќајот на мостот Керч (Крим), кој го поврзува Крим со Русија, денеска беше во прекин откако руската противвоздушна одбрана собори крстаречка ракета.
Си-Ен-Ен јавува дека локалните проруски власти објавиле дека сообраќајот на мостот е привремено прекинат во двата правци.
– Сообраќајот на мостот Крим во двата правци е привремено во прекин – најави Владимир Рогов, службеник на делот на украинската област Запорожје што е под руска контрола.
Руските сили за воздушна одбрана соборија крстаречка ракета во близина на градот Керч, на полуостровот Крим, соопшти денеска шефот на Крим, Сергеј Аксјонов.
Во инцидентот нема повредени, изјави Аксјонов на Телеграм.
„Во областа Керч силите за воздушна одбрана соборија крстосувачка ракета. Немаше штети или жртви“, рече Аксјанов, а пренесува РИА Новости.
Тој не прецизираше од каде е лансирана ракетата.
Русија незаконски го анектираше Крим во 2014 година, а Украина сака да го врати под нејзина контрола.