Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РИБА ВО РЕСТОРАН 110 ЕВРА, ПАЛАЧИНКИ НА ПЛАЖА ШЕСТ – цените на Јадранот ги бркаат Германците, Марио со години летувал таму, но ова уште не го доживеал
Економија

РИБА ВО РЕСТОРАН 110 ЕВРА, ПАЛАЧИНКИ НА ПЛАЖА ШЕСТ – цените на Јадранот ги бркаат Германците, Марио со години летувал таму, но ова уште не го доживеал

09/07/2023

AA

Поради високите цени, летувањето на Јадранот стана исклучителен предизвик за многумина, па дури и за побогатите странци – особено од Германија, кои се најбројни гости.

Сезонава туристите треба да заштедат до 22 евра за плескавица, 18 евра за лигњи и околу шест евра за палачинки.

А ако сакаат килограм свежа риба, за тоа задоволство треба да се издвојат 110 евра.

Марио од Австрија вели дека ја сака Хрватска, но поради „до небо растечките“ цени во Хрватска, размислува следната година да пие коктели во Грција или Египет.

– Прескапо е и престануваме да одиме на одмор во Хрватска. Само станот без ништо не чини околу 2.200 евра за две недели. Пред две години за истото ќе платив половина – искрен е Марио.

Туристите ја напуштаат Хрватска поради превисоките цени

Не му се допаѓа и тоа што мала порција компири на плажа чини како пет килограми компири во продавницата.

– Четири евра? Многу е скапо, во Австрија би платиле можеби два и пол помфрит – раскажува Марио за хрватскиот портал.

Инаку, во Хрватска во моментов има 50.000 гости повеќе од лани во ова време, а најдобри се Ровињ, Пореч и Дубровник.

Директорот на Туристичкиот одбор на градот Дубровник, Миро Драшковиќ, објасни дека градот има „свое ниво на цени“, но дека има и квалитетна понуда и многу капацитети.

Слично на Марио од Австрија, на цените на храната на хрватското приморје годинава се жалат и Марија и Алекс од Германија, кои платиле седум евра за две топки сладолед.

– Ние сме од Германија, а таму е 1,5 евро топка, а овде можеме само да гледаме – вели Татјана, мајка на три деца. 

И на крајот од оваа приказна, да ги погледнеме цените за сместување. Анамари од Белгија платила 89 евра за една ноќ во кампот.

– Во Паг, домаќинката ни се извини бидејќи цената на кампувањето е толку висока. Ова е толку прекрасна земја, но за жал, не се враќаме. Имаме пријатели кои имаат и кампер и веќе им пишавме да не доаѓаат – заклучи Анамари.

(Dnevnik.hr/Luftika)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy