Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15 локации, запленети се дрога, оружје, возила
Македонија

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15 локации, запленети се дрога, оружје, возила

07/04/2026

AA

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ „Тигар”, во координација со јавен обвинител при ОЈО ГОКК денеска спроведоа координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група која делувала на повеќе локации на територијата на Македонија, инволвирана во организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на наркотична дрога.

По преземените оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, од слобода се лишени седум лица, од кои четири од Струмица, две од Скопје и едно лице од Штип, а извршени се претреси на 15 локации на подрачје на Скопје, Струмица и Штип.

За време на спроведувањето на полициската акција, обезбедени се материјални докази, односно пронајдена е и одземена дрога, пиштол, рамка за пиштол и муниција, седум патнички моторни возила, седум телефонски апарати, како и поголем износ на парични средства.

Преземањето на соодветни мерки и активности продолжуваат и понатаму во насока на обработка и вештачење на одземените предмети кои потекнуваат од кривично дело, потоа спроведување на лицата пред судија на претходна постапка, како и поднесување на кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од КЗ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кузмановска: Најмногу пациенти чекаат трансплатација на бубрег, но се чека

07/04/2026
Македонија

Кузмановска: Напредок во трансплантациите, но недостигот од согласност од семејствата

07/04/2026
Македонија

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБИ СО „ШЕВРОН“ ВО ВАШИНГТОН Македонија во потрага

07/04/2026
Македонија

Клековски: Секој петти вработен во униформните служби е на боледување

07/04/2026
Македонија

Клековски: Аптеките имаат обврска да обезбедат лекови на рецепт, граѓаните

07/04/2026
Македонија

Клековски за 4ТВ: Дигитализацијата е клучна за поефикасно здравство!

07/04/2026
Македонија

„Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува

07/04/2026
Македонија

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42220
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кузмановска: Најмногу пациенти чекаат трансплатација на бубрег, но се чека и за срце и црн

07/04/2026

Листите за трансплантација во Македонија покажуваат дека најголем број пациенти чекаат трансплантација на бубрег, додека расте потребата и за други

Кузмановска: Напредок во трансплантациите, но недостигот од согласност од семејствата останува клучен предизвик

07/04/2026

Во изминатите две години направени се значајни чекори во развојот на трансплантациската медицина во земјава, но најголем предизвик и понатаму

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБИ СО „ШЕВРОН“ ВО ВАШИНГТОН Македонија во потрага по сигурна нафта и течен

07/04/2026

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy