Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува реформи во ФЗО, дигитален рецепт наместо хартија!
Македонија

„Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува реформи во ФЗО, дигитален рецепт наместо хартија!

07/04/2026

AA

Во Македонија се издаваат повеќе од два милиони рецепти месечно, односно над 24 милиони на годишно ниво, со вкупна вредност од околу 55 милиони евра.

Ова го изјави директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Клековски посочи дека сегашниот систем, кој во голема мера се потпира на хартиени рецепти, претставува сериозен предизвик и за продуктивноста и за контролата. Фондот има обврска да проверува најмалку 3 проценти од рецептите, процес што го спроведуваат фармацевти, што дополнително го отежнува работењето.

„Тоа е практично невозможна мисија – и од аспект на продуктивност и од аспект на контрола“, истакна Клековски.

Како решение, тој ја посочи дигитализацијата, односно воведувањето на електронски рецепти, кои веќе постојат како систем, но се чека усогласување на регулативата за нивна целосна примена. Со новиот модел, матичните лекари ќе вршат дигитална проверка пред издавање на рецептот, кој потоа ќе биде достапен во аптеките и верификуван со електронски потпис.

Според Клековски, ваквиот пристап ќе ја намали потребата од физичко чување на документација, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе го намали ризикот од злоупотреби.

Тој посочи дека сличен систем веќе функционира во Србија, каде електронските рецепти довеле до намалување на потрошувачката на лекови за околу 10 проценти.

„Дигитализацијата носи придобивки за сите – граѓаните, здравствените установи и фондот, преку побрзи услуги, подобра контрола и зголемена продуктивност“, нагласи Клековски, додавајќи дека вакви решенија може да се применат и за упати, лабораториски услуги и боледувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy