Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Аптеките имаат обврска да обезбедат лекови на рецепт, граѓаните да пријавуваат – ние ќе реагираме!
Македонија

Клековски: Аптеките имаат обврска да обезбедат лекови на рецепт, граѓаните да пријавуваат – ние ќе реагираме!

07/04/2026

AA

Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ предупреди на појавата на злоупотреби во здравствениот систем, особено во делот на двојни наплати и неправилности при издавање боледувања.

Клековски истакна дека аптеките имаат законска обврска да обезбедат лекови на рецепт за сите осигуреници, без да бараат тие да бидат целосно платени приватно. Тој нагласи дека граѓаните може да плаќаат само партиципација, но не и целосна цена за лек што е покриен од фондот.

„Ако граѓаните се соочат со вакви ситуации, треба да пријават во фондот – ние реагираме и вршиме контроли“, рече Клековски, додавајќи дека веќе не постојат квоти за лекови и аптеките се должни да располагаат со потребните количини.

Тој посочи дека проблеми со снабдување може да се појават поради прекини во производството, наведувајќи пример со лекови за епилепсија и силни главоболки, каде имало застој поради прекин на производство во Хрватска.

Во делот на злоупотребите, Клековски нагласи дека најголем број претставки се однесуваат на двојна наплата на услуги – односно случаи кога услуга веќе е покриена од фондот, но сепак се наплатува од граѓаните. Особено, како што посочи, вакви појави се забележани кај матични гинеколози.

За справување со овој проблем, фондот спроведува заеднички контроли со Управа за јавни приходи, при што се утврдени значителни неправилности.

„Двојна наплата за услуга што треба да биде бесплатна не е законска и мора да престане“, дециден беше Клековски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гори фабрика во Радовиш!

24/05/2026
Македонија

Уапсени возач и патник од автобус кај Тетово: Пронајдени 34.965

24/05/2026
Македонија

Мицкоски до Обвинителството: Трпението е при крај!

24/05/2026
Македонија

СЛЕДИ СТАБИЛИЗАЦИЈА И ПОТОПЛИ ДЕНОВИ: Еве какво време нè очекува

24/05/2026
Македонија

Македонското МНР ја осуди Русија за новите напади врз Украина

24/05/2026
Македонија

Приведен водич од Косово во автобус: Ставил 50 евра во

24/05/2026
Македонија

Мицкоски: Словото е идентитет, народ што не чита – престанува

24/05/2026
Македонија

Пожар во стан во Гази Баба, настанал од запалена свеќа!

24/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43445
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гори фабрика во Радовиш!

24/05/2026

Голем пожар кој предизвика вознемиреност кај локалното население избувна во текот на вечерашните часови во Радовиш. Пламените јазици и густиот

Уапсени возач и патник од автобус кај Тетово: Пронајдени 34.965 евра

24/05/2026

Денеска(24.05.2026) од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на

Мицкоски до Обвинителството: Трпението е при крај!

24/05/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Црква Света Софија испрати силни пораки за борбата против корупцијата и функционирањето на правосудниот систем,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy