Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кузмановска: Напредок во трансплантациите, но недостигот од согласност од семејствата останува клучен предизвик
Македонија

Кузмановска: Напредок во трансплантациите, но недостигот од согласност од семејствата останува клучен предизвик

07/04/2026

AA

Во изминатите две години направени се значајни чекори во развојот на трансплантациската медицина во земјава, но најголем предизвик и понатаму останува добивањето согласност за донирање органи, истакна Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, во емисијата Ноќно студио на 4ТВ.

Кузмановска посочи дека меѓу клучните постигнувања се зајакнувањето на мрежата на болнички координатори и едукацијата на лекарите, особено во интензивната нега, за навремено препознавање на потенцијални донори. Овие обуки се реализираат како во земјата, така и во странство.

Дополнително, проширени се и мултидисциплинарните тимови кои учествуваат во трансплантациите – хирурзи, анестезиолози и интернисти – со цел да се зголеми подготвеноста и квалитетот на процедурите. Како новина, воведена е и кератопластика, односно трансплантација на корнеа.

Само во првите месеци од годината, како што информираше, се препознаени и обработени осум потенцијални донори, а веќе е реализирана и кадаверична трансплантација.

Сепак, најтешкиот момент во процесот останува разговорот со семејствата на починатите пациенти.

„Станува збор за луѓе кои се во длабок емоционален шок. Одлуката за донација е сложен социолошки, психолошки и културолошки процес“, истакна Кузмановска.

Таа објасни дека не секој починат пациент може да биде донор – потребно е да се исполнат строги медицински критериуми, најчесто поврзани со мозочна смрт, која се јавува по тешки повреди, сообраќајни несреќи или мозочни крварења. Во такви случаи, постои краток временски прозорец за одржување на органите и нивна евентуална трансплантација.

Процесот, како што нагласи, е исклучително комплексен и вклучува паралелна евалуација на органите, подготовка на тимови и избор на најсоодветни приматели преку имунолошка типизација.

„Не станува збор само за пресадување орган – тоа е спојување на два биолошки системи кои треба да функционираат како еден“, рече Кузмановска.

Таа додаде дека, доколку се добие согласност од поголем дел од семејствата, бројот на трансплантации би бил значително повисок.

Процесот е строго регулиран и се води преку Министерство за здравство, со евиденција и во системот Мој термин, каде се бележат и согласностите и одбивањата.

Кузмановска потенцираше дека клучна улога има континуираната едукација на јавноста, која се спроведува преку медиумски кампањи, гостувања, како и трибини низ државата, вклучително во Охрид, Битола и Штип, со цел подигнување на свеста за значењето на органодарителството.

„Едукацијата е најважна – само така можеме да ја зголемиме свесноста и да спасиме повеќе животи“, порача Кузмановска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy