Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Клековски: Здравството во Македонија со соодветни издвојувања, но со високи очекувања од граѓаните
Македонија

Клековски: Здравството во Македонија со соодветни издвојувања, но со високи очекувања од граѓаните

07/04/2026

AA

Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ говореше за издвојувањата за здравството и предизвиците со кои се соочува системот.

Клековски посочи дека податоците за месечните издвојувања од околу 3000 денари се однесуваат на носителите на осигурување, додека ако се вклучат и сите осигурени лица, просечниот износ изнесува околу 2000 денари, односно приближно 35 евра месечно. На годишно ниво, носителите издвојуваат околу 600 евра, додека просекот по осигуреник е околу 420 евра.

Според него, издвојувањата за здравство, кои достигнуваат околу 13 проценти од јавните финансии, се соодветни ако се земе предвид економскиот развој на државата. Сепак, тој нагласи дека тоа не е доволно за да се задоволат растечките очекувања на граѓаните.

„Граѓаните денес не се задоволуваат со просек – тие го бараат најдоброто што постои на европско и светско ниво“, истакна Клековски, додавајќи дека главниот предизвик е како со постојните ресурси да се обезбеди максимален квалитет на здравствени услуги.

Тој објасни дека здравствениот систем во Македонија функционира како хибриден модел, во кој значаен дел од услугите ги обезбедуваат приватни здравствени установи со договор со фондот. Примарното здравство, вклучително матичните лекари, гинеколози и стоматолози, во најголем дел е во приватниот сектор, додека дел од специјалистичките и лабораториските услуги исто така се обезбедуваат преку приватни капацитети.

Иако најголемиот дел од средствата се насочуваат кон јавното здравство, Клековски посочи дека во услови на недостатоци, фондот користи и услуги од приватниот сектор со цел да се обезбеди континуитет во здравствената заштита.

Тој оцени дека, и покрај предизвиците и стагнацијата во изминатата деценија, поставениот систем претставува солидна основа за понатамошни реформи и подобрувања во здравството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува

07/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 28 СТЕПЕНИ Од петок почнува период со дожд и поројни

07/10/2026

Утрото во четврток, 8 октомври, ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа по испорачаните средства за пензиите,

07/10/2026

Македонија е лидер меѓу земјите од регионот според реализацијата на Реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Според него,

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје го затвори пост-мониторингот, Софија има

07/10/2026

Бугарија мора да ги исполнува обврските што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy