Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова се земјите од Европската унија каде што цените на становите паднаа
Македонија

Ова се земјите од Европската унија каде што цените на становите паднаа

12/01/2024

AA

Цените на станбените недвижности во Европската унија значително флуктуираа, додека кириите постојано се зголемуваа во изминатите 13 години, покажуваат податоците на Евростат.

Разликите во трендовите се забележливи и во последната година. Во третиот квартал од 2023 година, во однос на третиот квартал од 2022 година, цените на недвижностите паднаа за еден отсто, додека кириите пораснаа за три отсто, пишува tportal.

Помеѓу 2010 година и третиот квартал од 2023 година, цените на недвижностите се зголемија за 48 отсто, а кириите за 22 отсто. Споредувајќи го третиот квартал од 2023 година со третиот квартал од 2010 година, цените на недвижностите се зголемија повеќе од кириите во 18 од 27 земји на ЕУ.

Во тој период, цените на недвижностите се зголемија повеќе од тројно во Естонија (+201 отсто) и повеќе од двојно се зголемија во Унгарија (+185 отсто), Литванија (+158 отсто), Латвија (+141 отсто), Австрија (+123 отсто), Чешка (+122 отсто) и Луксембург (+107 отсто).

Од друга страна, пад на цените е забележан во Грција (-14 отсто), Италија (-8 отсто) и Кипар (-2 отсто). Кириите пораснаа во 26 земји на ЕУ, со најголем пораст во Естонија (+218 отсто), Литванија (+170 отсто) и Ирска (+100 отсто). Единствено намалување на цените за изнајмување е забележано во Грција (-20 проценти).

Во Хрватска цените на недвижностите се зголемија за 60,1 отсто во набљудуваниот период, со тоа што паднаа и стагнираа до 2018 година, по што следеше силен раст. Закупнините во тој период пораснале за 25 отсто, а нивниот раст бил постабилен, пишува tportal.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44817
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy