ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА УШТЕ ВО 1943 ГОДИНА! Македонски професор тврди дека Софија добила од Грција посмртни остатоци на свештено лице
Посмртните останки на цар Самуил најверојатно се донесени во Софија уште во 1943-44 година, а овие што сега Грција и ги предава на Софија воопшто не му припаѓаат нему – тврди Александар Атанасовски, професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во интервју за бугарското радио Точка.
Атанасовски, професор по историја чиј интерес е Византија и Средниот век, во интервјуто одговара на прашањето каде, според него, е погребан Самуил.
– Едно е сигурно: не е таму каде што мислат и тие остатоци што ги зема Бугарија не се на Самуил. Прво, оние четири гроба таму, не се знае чии се, нема никаков натпис, нема никаков доказ. Првично се зборуваше дека гробот е внатре во црквата, под онаа плоча со тие персиски орнаменти, па оттука се извлекуваше теза дека Самоил е Персиец по потекло. Некои велат дека умрел во Прилеп и дека таму е погребан, но трети велат дека е на сосема трето место. Единствен византиски извор е Михаил Аталијат, којшто вели дека Самуил умрел на Мочурливото Езеро, односно на Мочурливиот остров. А каде е погребан? Според мене, моштите на Самуил се однесени во Бугарија уште во 1943 година. После капитулацијата на Италија во Втората светска војна, бидејќи Италијанците ја држеле Преспанската област, бугарските војници навлегуваат во таа област и доаѓа археолог — мислам дека Филов беше по фамилијата — и тие прават истражување во селото Герман на Преспанското Езеро, каде што биле погребани татко му, мајка му и брат му. По некоја логика, би требало тоа да е семејна гробница и Самуил да е таму погребан. Сите мошти што се најдени во Герман, таму околу тие цркви, бугарските војници ги имаат однесено во Софија уште во 1943–44 година. Значи, можно е моштите уште тогаш да се однесени во Бугарија. Тие што сега ќе се земат, најверојатно не се мошти на Самуил. Таму каде што се тие гробови, најверојатно тоа се мошти на некој од свештениците. Доказ за тоа е првичниот наод на Муцопулос: положбата на скелетот, како лежи покојникот — не знам колку загледале вашите политичари и археолози — тој лежи на грб, и под главата има „заглавница“ што викаме ние, односно има три цигли во вид на буквата „П“, и тој лежи на горниот дел — значи две се поставени вертикално, другата е хоризонтално оддозгора, и тој лежи на неа. Таков начин на погребување нема ниту во Бугарија, ниту во Македонија. Значи, тоа кажува дека личноста што таму лежи не е од овие простори. Кој знае од каде е донесен — можеби е некој свештеник од Мала Азија или кој знае од каде. Таков начин на погребување на Балканот не постои.

На прашање дали се знае каде се чувале останките на Самоил, ако се донесени во текот на Втората светска војна, Атанасовски вели дека не се знае.
- Кој знае дали се чуваат? Оти во Бугарија, еве кај се останките на Петар, кај се на Симеон, кај се на Борис, кај се на Крум, кај се на Омуртаг и на тие другите ханови? Има ли некаде остатоци од нив да се чуваат, да знаете каде се? Зошто вашите археолози не се нафатат да откријат каде се останките на тие владетели, остатоците – прешува просесор Атанасовски.
Потоа новинарот го прашува професор Атанасовски, дали знае дека на саркофагот во кој се донесени коските пишува: „Самуил, во Христа Бога, цар на Бугарите“.
– Тоа некој ваш го напишал, не го напишал сигурно Самуил. Не постои ни еден документ, ни еден запис каде што Самуил се нарекол „цар на Бугарите“. Дури самиот тој никаде не се нарекува цар, тоа е „раб божји“ — значи слуга божји Самуил. Тој не е наречен цар. Византиските автори сите исклучително го нарекуваат одметник, тиранин, никаде не му ја признаваат титулата цар. Единствено Скилица, кога зборува за паѓањето на Охрид под византиската власт, му се испушта да каже дека таму се откриени царски дворци и круни со бисери украсени, но не кажува дали се тие царски круни или се црковни круни. Тоа е сѐ што имаме. Јахја Антиохиски после битката кај Сперхеј кажува дека дошло до преговори меѓу Василиј II и Самуил за склучување на мир, дека Самуил понудил потчинетост, и кога Василиј II мислел да го прифати тоа, Самуил се прогласил за цар — тоа сосема друг извор го кажува, а не Скилица. И немаме никаде запис дека тој се нарекол „цар на Бугарите“ или на кои било други. Државата ние ја нарекуваме Самуилово Царство или Самуилова држава, но колку била царство и колку… тоа е друго прашање. Тоа е еден конгломерат, како што уште на времето вели Божидар Прокиќ, тоа е еден вид современа федерација од месни кнезови коишто се обединиле под власта на Самуил и биле и против Борис II и против Византија. Тоа јасно сведочи Скилица во неговата хроника – вели професор Атанасовски.
На ова новинарот прашува дали според профеосорот Самуил воопшто е цар и дали е македонски цар?
– Македонски не можеме да го наречеме, ви реков, никаде не е наречен ни македонски, ни бугарски, ни каков било. Ако ги погледнете симболите на него што сте му ги закачиле на споменикот во Софија – тој го носеше 16-кракото сонце од античка Македонија, симболот на античка Македонија. Го носи и лавот напред. Погледнете го споменикот во Софија, вие сте го поставиле таму. Тоа се античките симболи од античка Македонија -вели Атанасовски.
Професор Атанасовски потоа збоува какво значење за него и за Македонците има оваа спогодба меѓу Бугарија и Грција за размена на историски вредности и на останките на цар Самуил.
– Тоа е уште еден обид како балканските војни, тоа е за кражба на македонските историски аргументи од една страна. Друго, самите Грци не се свесни дека со тоа прават голема повреда на Договорот од Преспа, и ако нашите власти се свесни, тоа може да го искористат за раскинување на тој договор бидејќи во тој договор не е предвидено археолошки остатоци и културно наследство да се дава на друга држава. Значи, тој си почива таму каде што умрел. Што има сега да ги носите, да се носат во Бугарија, по кој основ и зошто? Самуил Софија ја видел еднаш, во 986 година, кога дошол да ја брани од Василиј II, но во градот не влегол. Бидејќи тргнал по Искар и го изпреварил Василиј кај Ихтиман и дојде до битката кај Ихтиман во 986 година. Самуил никогаш не бил во Софија. Што бара сега тој во Софија? Тоа е глупост, но сојузници стари се Грција и Бугарија и Србија, тие што ја поделија Македонија, сè уште сакаат да ја делат. И до кога ќе трае тоа – додека има живи луѓе и во Бугарија, и во Грција, и во Србија, ќе се настојува таа територија да се подели, што воопшто не е во ред. Тоа не се добрососедски односи, тоа е нарушување на добрососедските односи – вели професор Атанасовски.
.
Извор: plusinfo.mk