Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од ЕУ е изграден и опремен објектот
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од ЕУ е изграден и опремен објектот

05/10/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши, денеска пуштија во употреба нова градинка во селото Пршовце со капацитет за 147 деца.

Изразувајќи задоволство за пуштањето на објектот, претседателот на Владата, Мицкоски, им се заблагодари на сите што посветено работеле и помогнале во реализацијата на овој значаен проект за регионот.

– Би сакал да кажам дека сум исклучително среќен што денеска, заедно со колегите од Владата, со градоначалниците, со градоначалникот на општина Теарце, со пратениците од македонското Собрание, со граѓаните на општина Теарце, сведочам на пуштање еден објект, кој е многу значаен за оваа општина, но и пошироко, би рекол, има регионално значење. Со пуштањето во функција на овој објект веќе немаме листа на чекање, односно капацитетите се, што се вели, исполнети – 147 дечиња ќе може да растат, да другаруваат и да ги поминуваат своите детски години токму во овој прекрасен, енергетски ефикасен објект – истакна Мицкоски.

Тој рече дека градоначалникот на Теарце, Даут Мемиши, затекнал многу проблеми, но оти со својата посветена работа ги решава.

– Да им се заблагодарам на сите пратеници од Полошкиот Регион, кои се борат за проект повеќе за да може такви проекти да се реализираат уште повеќе, бидејќи со нивната работа тие не само што ја поддржуваат работата на Владата туку навистина сакаат да создадат подобри услови за жителите во Полошкиот Регион. Да им се заблагодарам, се разбира, на советниците што ја поддржуваат овде работата на градоначалникот и на администрацијата, која ги подготвува сите овие работи – рече Мицкоски.

Владата, нагласи премиерот, ќе продолжи и во иднина да финансира проекти во локалната самоуправа.

– Само да потсетам, откако оваа Влада беше избрана во јуни 2024 година – значи цели 27, еве веќе 28. месец сме Влада – повеќе од половина милијарда евра се реалоцирани од централниот буџет кон општините за финансирање проекти, а тоа е нешто што досега во историјата на државата се нема случено – истакна Мицкоски.

Ресорниот министер Ѓоко Велковски истакна дека ќе продолжи трендот за отворање нови детски градинки и во наредниот период. Според него, до крајот на 2028 година треба да заврши изградбата на 37 објекти кои ќе бидат ставени во функција на граѓаните.

– Тоа значи дека повеќе од 3.700 дечиња во тој момент ќе бидат дел од детската заштита како дополнителни. Со тоа ќе го надминеме оној проблем што го имаме со години со листите на чекање во Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади, заедно со оној план што го направивме со локалните самоуправи и директната поддршка од премиерот и Владата, до 2028 година она што го има зацртано како план и активности ќе го реализира во целост – рече тој.

Градоначалникот Даут Мемиши посочи дека за изградба на објектот и за опремување се вложени 808.000 евра, од кои најголемиот дел е од Европската Унија.

– Дојде и овој ден – новата градинка, по многу години чекање и процедури, да функционира. Ова е простор во кој ќе растат нашите деца и ќе се направат првите чекори кон знаењето, првите пријателства – истакна градоначалникот Мемиши.

Градинката се наоѓа во населеното место Пршовце и има 12 вработени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала

05/10/2026
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од

05/10/2026
Македонија

НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Две лица се приведени за

05/10/2026
Македонија

АКО ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИЗБОРИ, ВЛАДАТА ЌЕ ОДГОВОРИ СООДВЕТНО Мицкоски сака

05/10/2026
Македонија

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45987
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше дилери и насилници, пресечени и

05/10/2026

Повеќе од 5.600 лица се лишени од слобода, поднесени се 1.135 кривични пријави, а полицијата извршила 1.158 претреси на домови

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува пад на температурите

05/10/2026

До четврток во земјава ќе се задржи сончево и релативно топло време, а од петок се очекува промена на временските

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКИТЕ ПРОТОКОЛИ Обвинителството ги оспори

05/10/2026

Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата на онколошките пациенти на денешното вкрстено испрашување во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy