НОВИ АПСЕЊА ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Две лица се приведени за сомнежи за проневера на 80 милиони денари
Нови апсења се случуваат во Државна лотарија, дознава „Плусинфо“ од извори запознаени со случајот.
Според информациите до кои дојде „Плусинфо“, Управата за финансиска полиција, во координација со Обвинителството, спроведува акција за нов случај поврзан со сомнежи за злоупотреби во работењето на Државна лотарија.
Приведена е поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија, како и уште едно лице. Тие се сомничат за проневера на околу 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра.
Сомнежите, според изворите на „Плусинфо“, се однесуваат на периодот додека со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами.
Акцијата е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за случајот, за евентуалните други лица опфатени со истрагата и за сомнителните дејствија што им се ставаат на товар на приведените.
.
Извор: plusinfo.mk