
Откриено што му било сервирано на битолчанецот кој заврши на Токсикологија
Калиум натриум хидроксид му било сервирано на битолчанецот кој заврши со тешко труење на Токсикологија, јавува Фокус.
Имено наместо минерална вода, во кафуле во Битола му било ставено корозивно срество односно два отстотен раствор кој се користи за машинско миење на садови.
Во тек е истрага која треба да утврди како ова корозивно средство се нашло во пијачката која му била дадена на битолчанецот. Од скопска Токсикологија велат дека пациентот бил донесен во тешка здравствена состојба.

