Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европа поделена во однос на летното сметање на времето
Македонија

Европа поделена во однос на летното сметање на времето

24/03/2023

AA

Основната идеја зад воведувањето на летното сметање на времето, кое почнува за два дена оваа година, в недела на 26 март, е да се заштеди енергија, но во пракса, таа идеја не ги исполни целосно очекувањата, па во Европа се зголемува дебатата за тоа дали сепак треба да се прилагодуваат часовниците двапати годишно.

Истражувањето на агенцијата „Југов“ во седум западноевропски земји, кое беше објавено денеска, покажа дека Германците најмногу се за напуштање на системот за двојно сметање на времето, додека Италијанците најмногу се за задржување на летното сметање на времето.

Идејата за подобро искористување на дневната светлина со воведување летно сметање на времето не е нова. Во далечната 1784 година, американскиот научник и државник Бенџамин Френклин предложи да се заштеди на потрошувачката на свеќи во домаќинствата со тоа што ќе се легнува порано и ќе се станува порано.

Неговиот предлог на шеговит начин ја објаснува основната идеја зад воведувањето на летното сметање на времето, а тоа е подобро да се прилагодат активностите на достапната дневна светлина и на тој начин да се заштеди енергија.

Летното сметање на времето првпат го воведоа Германија и Австро-Унгарија во 1916 година поради недостиг на јаглен за време на Првата светска војна, а на нив им се придружи и Велика Британија.

По таа војна, тоа беше напуштено, а експериментот со поместување на часовникот кон крајот на зимата и почетокот на есента беше повторно воведен во многу земји во Втората светска војна.

Посериозна дискусија за воведувањето на летното сметање на времето започна во 1970-тите за време на нафтената криза. Од 1980 година, и источна и западна Германија почнуваат со поместување на стрелките на часовникот, а од 1996 година, зимското и летното сметање на времето се воведе во Европската Унија.

Југославија, а со тоа и сите земји кои беа дел од неа, го воведоа летното сметање на времето во 1983 година.

Во пракса, сепак, се покажа дека летното сметање на времето од една страна помага да се заштедат пари, на пример за осветлување, но од друга страна значително ја зголемува потрошувачката, на пример за загревање во студените утра.

Истражувањето на агенцијата Југов покажа дека дури 75 отсто од Германците сметаат дека треба да се укине двојното сметање на времето, пренесува Бета. Така мислат 58 отсто од Швеѓаните и 56 отсто од Данците.

Во Франција 49 отсто се за актуелниот систем, а 36 отсто од граѓаните се за враќање на природно, трајно „зимско сметање“.

Шпанците се доста поделени, бидејќи 46 отсто од нив сметаат дека треба да остане зимското и летното сметање на времето, а 42 отсто се за укинување на таа поделба.

Во Велика Британија 45 отсто се за актуелниот систем на преминување на летно сметање на времето, а 39 отсто за враќање на старото.

Единствено, убедливо мнозинство Италијанци е за задржување на поделбата меѓу зимско и летно сметање на времето: 56 отсто наспроти 32 отсто.

Меѓутоа, доколку се укине сегашниот систем за подобро искористување на дневната светлина со прилагодување на часовниците, шест од седумте анкетирани држави би биле за зачувување само на летното сметање на времето.

Тоа време се карактеризира со подоцнежни зајдисонца, особено во лето, и подоцежни изгрејсонца, особено во зима.

Единствени кои мислат дека треба да се вратиме на астрономското, зимско сметање на времето се Швеѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy