Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Верноста кон „Огнените“ го изгоре! Кој државен директор изгуби плата од 3.000 евра месечно?
Економија

Верноста кон „Огнените“ го изгоре! Кој државен директор изгуби плата од 3.000 евра месечно?

24/03/2023

AA

Познавачите на состојбите во најголемата политичка партија на етнички Албанци во Македонија се убедени дека најголем грев на Салмани за смената од директорското место во М-НАВ е тоа што припаѓал на одметната фракција позната под називот „Огнените“. Нов извршен директор на финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции е Хасим Деари

Миѓен Салмани повеќе не е член на управниот одбор во најдоброплатената државна компанија М-НАВ. На берзата осамна документ со кој се потврдува дека Салмани повеќе не е извршен директор за финансиски работи, правни работи. Разрешен е од страна на Управниот одбор на компанијата на 13 март годинава.

На негово место е поставен нов член. Тоа е Хасим Деари.

Познавачите на случувањата во политичката партија ДУИ се убедени дека единствен грев на Салмани е тоа што се одметнал и пристапил кон фракцијата која во јавноста е препознатлива по прекарот „Огнените“. Нив ги предводи Изет Меџити, пратеник и поранешен градоначалник на Општина Чари. Оваа неформална група членови на ДУИ изразува отворено незадоволство од работата на министрите кои ја претставуваат таа партија во актуелната македонска Влада.

Салмани во јавноста беше актуелен пред извесно време заедно со своите колеги од Управниот одбор, а причина за нивната виралност беа платите. Имено јавноста се брануваше затоа што платите на овие лица надминуваат 3.000 евра месечно.

Висината на платите во таа државна компанија се креира според европските правила кои важат за услугите во воздухопловна навигација. Според официјалните податоци М-НАВ во 2021 година остварила приходи во вредност од 13,4 милиони евра, а од нив 10,6 милиони евра ги наменила на трошоци за вработените.

Повеќе детали за разрешувањето на Салмани и назначувањето на Деари на следниот линк 

Р:Ф.

foto freepik.com/weyo

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИМ ПОРАЧА НА СОПАРТИЈЦИТЕ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА 12.05 ДА СЕ

24/09/2026
Македонија

69 МИЛИОНИ ЦИГАРИ ШВЕРЦУВАНИ ПРЕД НОСОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ / Приведени

24/09/2026
Македонија

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА Поквалитетно снабдување за жителите

24/09/2026
Македонија

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЉУПЧО ПЕЦОВ ЃАВОЛОТ ЗА „СИНЏИР“ Доби и

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45779
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Двете операции поминаа

24/09/2026

За првпат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, но и во нашата земја, во еден ден беа успешно изведени две роботски

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред пратениците

24/09/2026

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно ја усвои измената на одлуката за определување коефициенти за утврдување

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА Не бил овластено лице во

24/09/2026

Фалсификат е документот со кој мафта Венко Филипче дека јас сум овластено лице на фирмата која добила тендер од 1,6

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy