Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осудениот за двојното убиство кај „Император“ бара во Бугарија да ја доиздржи казната затвор
Магазин

Осудениот за двојното убиство кај „Император“ бара во Бугарија да ја доиздржи казната затвор

29/12/2023

AA

Охриѓанецот Бојан Петрески, кој во 2015 година е осуден на доживотна казна затвор поради двојното убиство пред хотелот„Император “ во Охрид, врз основа на двојното државјанство што го поседува (македонско и бугарско) бара трансфер во соодветна казнено-поправна установа во Бугарија, за доиздржување на казната затвор.

Токму неговото барање за трансфер предизвика судир на надлежности меѓу Основниот суд – Охрид како носител на законодавната власт и Министерството за правда на Република Северна Македонија како носител на извршната власт, поради што побарале „дилемата“ да им ја реши Уставниот суд.

Како што е посочено во барањето од Основниот суд Охрид доставено до Уставниот суд, Судот во Охрид согласно Законот за меѓународна соработка во кривичната материја прибавил изјава од осудениот Бојан Петрески со која тој дава согласност за трансфер, а исто така е обезбеден примерок од правосилната пресуда и сите списи се доставени до Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда.

Судијата од Основниот суд Охрид , Бојан Мартиноски во изјава за МИА вели дека Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда наместо да ја продолжи постапката по барањето за трансфер од осудениот Бојан Петрески, ги вратил списите со укажување дека Судот треба да постапува согласно чл.97 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и со барање до Судот да го извести Министерството за исходот од постапката.

Воедно, од Министерството за правда го известиле Судот во Охрид дека тој е надлежен да цени со Решение за тоа дали осудениот Бојан Петрески има или нема право да поднесе барање за трансфер во Бугарија, како и дека Судот бил надлежен со Решение да одлучи дали осудениот можел или неможел да се трансферира во Бугарија.

-Имајќи го предвид произнесеното неспорно е дека се работи за судир на надлежности помеѓу Основниот суд Охрид како носител на законодавната власт и Министерството за правда на Република Северна Македонија како носител на извршната власт, па поради тоа Основниот суд Охрид бара Уставниот суд на Република Северна Македонија да одлучи по однос на стварната надлежност за постапување по барањето за трансфер на осудениот Бојан Петрески, се наведува во барањето од судијата Мартиноски испратено до Уставниот суд.

Судијата Мартиноски вели дека тој го пратил барањето до Уставниот суд, од каде добил одговор дека треба да биде како Решение. – Сега јас ќе го пуштам во форма како Решение, во смисла дека ние немаме надлежност, бидејќи се работи за судир меѓу властите. Потоа Уставен кога ќе одлучи претпоставувам дека ќе го пушти во Министерство за правда, истакнува судијата Мартиноски.

Тој посочува дека во Законот за меѓународна соработка во кривичната материја јасно е напишано дека Министерството за правда одлучува за трансфер. – Ако Министерството за правда одлучи позитивно се обраќа до бугарското Министерство за правда, а доколку бугарското Министерство се согласи, следува процедура како ќе се преземе. Сето тоа оди меѓу министерствата, судот нема ништо. Одлуката ни под разно неможе да е од Судот. Со самото упатување во затворска устанува на осудениот завршува работата на Судот, нагласува судијата Мартиноски.

Од Уставниот суд за МИА велат дека по предметот се постапува и кога ќе има готов реферат ќе биде ставен на седница за дискусија.

Основниот суд во Охрид во декември 2015 година ги прогласи за виновни обвинетите во судскиот процес за двојното убиство што во август 2014 година се случи на во хотелот „Император“ во Охрид.

На првообвинетиот Бојан Петрески од Охрид, кој се товареше за кривично дело убиство и неовластено поседување на оружје и распрскувачки материјали, Судот му изрече единствена казна доживотен затвор. Тој е прогласен за виновен за извршено кривично дело убиство со умисла над 38-годишниот Ромео Ѓузелоски и 56-годишниот Васил Ристески.

Второобвинетиот Ристе Силјаноски од Охрид е прогласен за виновен за помагање на сторител по извршено кривично дело убиство. Нему Судот му изрече казна затвор во траење од една година, во која му се пресметува и времето минато во притвор.

Бојан Петрески веднаш по убиството беше во бегство, поради што за него беше распишана меѓународна потерница. По неколку месеци тој беше фатен од албанската полиција и екстрадиран во земјава. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
Македонија

НОВИТЕ ТЕРАПИИ ЗА ПАРКИНСОНОВА И ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ МОРА ДА

02/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46524
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот

02/11/2026

Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА БАНКА Славески најави посебни шалтери

02/11/2026

Пензионерите и другите клиенти на Алта банка што немаат платежни картички ќе можат да подигнуваат по 20.000 денари со едно

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

02/11/2026

Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе контроверзни ставови за жените, брачните односи и семејното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy