ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот утрински мраз
Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Температурите ќе бидат во интервал од 3 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од среда и во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.
.
Извор: plusinfo.mk