Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Останува критична ситуацијата во Оренбург по поплавите
Македонија

Останува критична ситуацијата во Оренбург по поплавите

07/04/2024

AA

Критична останува ситуацијата во Оренбург по поплавите, а нивото на водата ќе продолжи да расте во наредните денови, изјави градоначалникот на рускиот град Сергеј Салмин, цитиран од руските медиуми.

-Од денеска, 7 април, состојбата со поплавите останува критична. Водата постојано доаѓа и во наредните денови нејзиното ниво уште повеќе ќе се покачи, напиша тој на Телеграм.

Градоначалникот додаде дека прекините на струја ќе продолжат во подрачјата под вода.

-Ако тоа се случи, веднаш евакуирајте се. Земете документи, скапоцености со себе и напуштете го вашиот дом, повика Салмин.

Регионот Оренбург во планината Урал, заедно со другите соседни руски региони и делови од соседен Казахстан, беа поплавени од големи поплави долж реката Урал во последните денови, што предизвика евакуација на најмалку 2.000 луѓе.

-Ситуацијата (продолжува да) се развива, таа е комплицирана, рече заменик министерот за вонредни состојби, Илја Денисов.

Во петокот пукањето на браната во Орск, многу блиску до границата со Казахстан, предизвика пораст на нивото на водата, во комбинација со топењето на снегот на планините, што е карактеристично за овој период од годината во многу руски региони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1

18/06/2026
Македонија

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026
Македонија

МЕГА-АФЕРА ВО ФФМ: Двајца поранешни претседатели „испумпале“ над 180 милиони

18/06/2026
Македонија

Радев одби средба со Мицкоски: „Немаме што повеќе да си

18/06/2026
Македонија

Бугарскиот амбасадор во Скопје апелира: Отворените граници се лек против

18/06/2026
Македонија

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило

18/06/2026
Македонија

Мемов: Ангажирањето на пензионерите во приватниот сектор е од корист

18/06/2026
Македонија

Полициска акција низ повеќе градови: Уапсени 11 лица поради дрога

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy