
Осомничен за повеќе кражби во општина Гази Баба и факултети во Скопје, предложен притвор
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 48-годишник за повеќекратни тешки кражби во канцеларии на општина Гази Баба и на факултети во Скопје.
Осомничениот од август 2024 до април 2025 година во повеќе наврати насилно влегувал во простории на општината, одземајќи лаптопи во вредност од преку 130.000 денари, како и други предмети. На 19 април, во Миколошката лабораторија на Природно-математичкиот факултет, одзел шест лаптопи и 500 денари, со вкупна вредност од околу 208.500 денари.
Два дена подоцна, тој упаднал и на Шумарскиот факултет, но без да одземе нешто се повлекол.
Јавниот обвинител оцени дека постои реална опасност осомничениот да продолжи со делата и ризик од бегство, па предложи да му се определува мерка притвор.