Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АЛБАНИЈА Е ПРЕД ПОРТУГАЛИЈА И ХРВАТСКА ПО БРОЈ НА ТУРИСТИ: Џаред Кушнер и Иванка Трамп се меѓу најпознатите инвеститори на луксузни хотели
Економија

АЛБАНИЈА Е ПРЕД ПОРТУГАЛИЈА И ХРВАТСКА ПО БРОЈ НА ТУРИСТИ: Џаред Кушнер и Иванка Трамп се меѓу најпознатите инвеститори на луксузни хотели

03/06/2025

AA

Албанија, до неодамна скриена дестинација во Европа, се
соочува со експлозивен раст на туризмот што може сериозно да ја загрози
одржливоста на локалните заедници и животната средина.

Од 2015 година, бројот на туристи во земјата речиси се
зголемил тројно – од 3 милиони во тоа време на дури 10 милиони во 2023 година,
што претставува зголемување од 56
отсто во однос на нивоата пред пандемијата. Албанската влада очекува
овој број да се зголеми на 30 милиони годишно до 2030 година, што би значело
дека земјата прима повеќе туристи отколку што моментално примаат Португалија
или Хрватска.

Грижи за животната
средина и инфраструктурата

Овој брз раст на туризмот предизвика сериозна загриженост.
Весли Дидани од „Саранда Веб“ предупредува дека некои туристички проекти се
појавуваат без соодветно урбанистичко планирање, што предизвикува уништување на
природната средина, особено по должината на крајбрежјето. На пример, во Саранда
имало случаи на директно фрлање градежен отпад во морето.

Влијание врз
локалното население

Притисокот се чувствува и на пазарот на недвижности: на
локалните жители им е сè потешко да најдат прифатлив смештај, бидејќи
странските инвестиции и туристичката побарувачка доведоа до вртоглаво
зголемување на цените. Ситуацијата потсетува на она што се случува на популарни
дестинации како Мајорка.

Инвеститорите Џаред Кушнер и Иванка Трамп

Меѓу инвеститорите се Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои
добија зелено светло за изградба на луксузен хотел вреден 1,4 милијарди долари
на островот Сазан.

Според Светскиот туристички совет, Албанија моментално е
трет најбрзо растечки туристички пазар во светот, зад Катар и Порторико.

фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy