Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Основци и деца од градинка кај Сиљановска – присуствуваа на менување на државното знаме!
Македонија

Основци и деца од градинка кај Сиљановска – присуствуваа на менување на државното знаме!

11/04/2025

AA

Денешни гости во претседателскиот Кабинет беа учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром и децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода.

Заедно со своите наставници, тие ја проследија Церемонијата на свеченото менување на државното знаме којашто се случува секој втор петок во месецот, во реализација на Баталјонот за почести при македонската армија и претставува чин со којшто се оддава почит кон македонското знаме како симбол на државата.

Дечињата имаа можност да ги разгледаат работните простории каде што се реализираат средбите и настаните. Во разговор со нив, инспирирана од песните коишто ги испеаја, посветени на татковината, на градот Скопје и на сонцето, претседателката рече дека токму децата се нашите сонца, нашите месечини и нашите ѕвезди.

„Вие сте нашиот живот и нашата иднина. Кога ве гледам денеска распеани и среќни и јас сум многу среќна“, истакна Гордана Сиљановска-Давкова.

Говорејќи за македонското знаме, таа посочи дека црвената боја ја претставува борбата, а жолтото сонце е нашето, македонското сонце, коешто ја грее државата. „Каде што е знамето, таму е државата, таму е татковината. Понекогаш знамето како симбол, многу повеќе кажува одошто зборот. Треба да си ги почитуваме симболите, оти тие се единствени, наши, македонски“, додаде таа.

Во искрен и отворен разговор, дечињата ѝ поставија многу прашања поврзани не само со нејзиниот професионален ангажман, туку и со приватниот живот. Тие беа љубопитни за нејзиното хоби, за омилената боја, храна и цвеќе, како и за одговорностите коишто ги носи функцијата Претседател.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy