Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осмомартовски марш во Прилеп: Родовата еднаквост не е само женско, туку и општествено прашање
Македонија

Осмомартовски марш во Прилеп: Родовата еднаквост не е само женско, туку и општествено прашање

05/03/2023

AA

Нашето учество во извршната и законодавната власт придонесе да донесеме бројни закони со кои суштински ја афирмираме и ја унапредуваме положбата на жената во општеството, но има уште работа зашто и понатаму жените се најчесто жртви на говор на омраза, а женската солидарност сѐ уште не е на посакуваното ниво, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во обраќањето на Маршот по повод 8 март што се одржа денеска во Прилеп.

Тренчевска потсети дека помина речиси четврт век на организирано дејствување на жените во СДСМ преку Форумот на жени. И не е слчучајно што годинашниов осмомартовски марш е во Прилеп, градот на хероините од НОБ и градот каде се печател и првиот женски весник „Македонка“ како орган на АФЖ. Прва печатена публикација уредувана од жени и посветена на проблемите на жените во Македонија.

-Парламентот и општинските совети денес изгледаат сосема поинаку од пред две децении. Таму рамноправно сме застапени и подеднакво одлучуваме и ние жените за важните државотворни и животни прашања. За разлика од другите, жените од СДСМ подеднакво партиципираат и во извршната власт. Бројни се достигнувањата, но мора да бидеме искрени и да си признаеме дека во некои области не ги постигнавме зацртаните цели, нагласи Тренчевска.

Според неа, евидентно е слабото учество на жените како кандидатки за градоналнички, односно имаме само една жена избрана градоначалничка од нашите редови.

-Недоволен е бројот и на жени претседателки на ОО. Недоволен е бројот на жени менаџерки. И понатаму медумското претставување на жените е полно со стереотипи и предрасуди поврзани со родовите улоги.И понатаму жените се најчесто жртви на говор на омраза. Женската солидарност сеуште не е на посакуваното ниво, рече Тренчевска во обраќањето во Прилеп.

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски истакна дека „Еднакви и моќни“ не е само слоган, туку и перспектива, потреба на државата. Родовата еднаквост не е само женско, туку е и општествено прашање.

-СДСМ секогаш ги препознавал и почитувал моќта и способноста на жените кои и денес се наоѓаат на важни челни позиции. Со именувањето на Каја Шукова за министерка за животна средина имаме 50:50 застапеност на жени и мажи именувани на министерски позиции. А сакам да зборувам и за успешната жена земјоделка, тутунарка, за жената доктор, учителка, бизнисменка. Сите имаат потреба од споделени обврски со мажите дома за вистинско споделување на родовата еднаквост. Ова не е само женско, туку и општествено прашање кое сериозно влијае на развојот на државата. Родовите политики се меѓу врвните политики на нашата влада, истакна тој.

Ковачевски во оваа прилика соопшти дека со коалиционите партнери прави нови усогласувања што ќе ја унапредуваат родовата еднаквост – измени и дополнувања на Изборниот законик во правец на постигнување целосна родова еднаквост во листите за пратеници и советници.

-Измени и дополнувања во законот за Влада за воведување најмалку 40 проценти жени во извршната власт, а и измени и дополнувања на изборниот законик за воведување квота од 30 проценти од помалку застапениот пол за избор на градоначалници. Иницираме донесување родово сензитивен деловник за работа на Собранието и да биде до крајот на оваа година. Иницираме и законско регулирање на интернет просторот за спречување говор на омраза, рече меѓу другото Ковачевски при денешното обраќање во Прилеп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy