
OСМАНИ: Oтворете го мостот во Митровица, тоа е во интерес на сите граѓани
Косовската претседателка Вјоса Османи, на помошникот генерален секретар на НАТО за операции, Томаш Гофус му пренела дека главниот мост во Косовска Митровица треба да се отвори, но со план и координација на централните и локалните институции и меѓународната заедница.
„Османи го повтори својот став за отворањето на мостот, но ја истакна важноста од одржување на комуникација, координација и продлабочување на соработката меѓу институциите на Косово и безбедносните партнери, особено со НАТО, за развој на заеднички план за отворање на мостот“, се вели во соопштението од кабинетот на Османи.
Таа го опиша отворањето на мостот како акција насочена кон нормализација и интеграција во интерес на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.
Србите се против отворањето на мостот на Ибар и велат дека тоа ќе предизвика тензии и етничко чистење.
foto Facebook/Vjosa Osmani