Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Узбекистан ја започнува посетата на Централна Азија како Претседавач со ОБСЕ
Македонија

Османи од Узбекистан ја започнува посетата на Централна Азија како Претседавач со ОБСЕ

07/08/2023

AA

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи од утре ја започнува својата посета на Централна Азија. Во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, дел од агендата на Претседавачот е посета на Узбекистан и на Казахстан.

Посета на Централна Азија, Османи ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан каде што ќе оствари средби со државниот врв. Предвидени се средби со претседателот Шавкат Мирзијоев. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи на Узбекистан, Бахтијор Саидов,  ќе има и заедничка прес-конференција. Османи во Ташкент ќе се сретне и со претставници на ОБСЕ Канцеларијата на проектниот координатор во Узбекистан.

Според програмата, во Ташкент Османи ќе има средба и со Танзила Нарбаева, која претседава со Сенатот на Узбекистан како и со претставници на граѓанското општество.

Од Узбекистан, Османи ќе патува во Казахстан каде што исто така ќе има средби со официјалните државни лица, а ќе ја посети и Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана за одблиску да се запознае со активностите и проектите што ОБСЕ ги спроведува во Казахстан.

Османи ќе се сретне со Касим Јомарт Токајев, претседател на Казахстан, а со вице-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу ќе имаат и заедничка прес-конференција. Османи во Астана ќе се сретне и со претставници на граѓанските организации.

Регионот на Ценатрална Азија претставува еден од приоритетите во работата на ОБСЕ, кој се соочува со постојани предизвици, сега засилени и со влијаението од воената агресија од  Руската Федерација против Украина, како и од состојбата во Авганистан.

Посетата на Централна Азија претставува реализирање на еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, како и работата на сите теренски мисии на ОБСЕ и поддршка на нивната програмска и проектна соработка со земјите во ЦА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕ ОТСТАПУВА ОД КОНЦЕПТОТ „ЕДНА КИНА“ Спикерот Гаши ја

21/11/2025
Македонија

Поплави низ државата: ЦУК и општините во постојана координација

21/11/2025
Македонија

Србин осомничен за тешка сообраќајна несреќа кај Валандово

21/11/2025
Македонија

Опасно невреме на повидок: Издаден метео аларм, се очекуваат над

21/11/2025
Македонија

ДЕНТА КОГА ЗАГИНА, ДОЗНАЛ ДЕКА ЌЕРКА МУ Е БРЕМЕНА Продолжи

21/11/2025
Македонија

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност

21/11/2025
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ДА СЕ УКИНЕ ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ПРЕСУДА ЗА ЃОРЧЕВСКИ Бранителот

21/11/2025
Македонија

ПОПЛАВЕНИ КУЌИ, МАГАЦИНИ, ВИЗБИ: Се излеаа реките кај Радовиш!

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37924
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА НЕ ОТСТАПУВА ОД КОНЦЕПТОТ „ЕДНА КИНА“ Спикерот Гаши ја прими кинеската амбасадорка

21/11/2025

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан, на која

Поплави низ државата: ЦУК и општините во постојана координација

21/11/2025

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, со оглед на актуелната ситуација, ја следи состојбата од Дежурниот оперативен

Србин осомничен за тешка сообраќајна несреќа кај Валандово

21/11/2025

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy