Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Србин осомничен за тешка сообраќајна несреќа кај Валандово
Македонија

Србин осомничен за тешка сообраќајна несреќа кај Валандово

21/11/2025

AA

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 19 ноември рано утрото, осомничениот управувал товарно возило Мерцедес, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија.

Возејќи по регионалниот пат од Валандово кон Дојран, не се придржувал кон одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако бил должен да го држи возилото во движење што поблиску до десниот раб на коловозот и да го прилагоди движењето на условите на патот за да не ги загрози другите учесници во сообраќајот, тој не го сторил тоа и изгубил контрола, возилото излегло на банкината надвор од коловозот и се превртело на десната страна.

Но во полуприколката на камионот имало и 10 кинески државјани, од кои при превртувањето 35-годишна жена и еден маж го загубиле животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни повреди.

Бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, имајќи во предвид дека осомничениот е странски државјанин, заедно со видот и тежината на стореното кривично дело и последиците од него, бидејќи се работи за кривично дело со смртни последици и повеќе повредени лица, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

Во меѓувреме се преземаат дејствија и за испитување на евентуални елементи на кривично дело криумчарење мигранти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
Македонија

ВАКВИ ПРОТЕСТИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ РЕЖИРАНИ Политиколозите за бранот

24/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОЧЕКУВА УШТЕ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ Се заблагодари

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46359
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен одѕив на претседателските избори во

25/10/2026

До 12 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 5,8 проценти или на гласање излегле 385.092 гласачи, соопшти портпаролката

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник и неговиот татко се пријавиле

25/10/2026

15-годишно момче од тетовското село Боговиње било донесено во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во стомакот, откако, според

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна жена од Сенокос

25/10/2026

Несреќата се случила вчера околу 15:10 часот, на местото викано „Рибник“, во атарот на Сенокос. Жената и нејзиниот сопруг С.И.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy