Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи и Шаленберг во заедничко интервју: “Постепената интеграција е најдобар пат за членство во ЕУ”
Македонија

Османи и Шаленберг во заедничко интервју: “Постепената интеграција е најдобар пат за членство во ЕУ”

07/12/2023

AA

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг во заедничко интервју за “Еурактив” упатија јасна порака дека постепената интеграција на земјите кандидати за членство во ЕУ не е алтернатива на нивното полноправно членство, но е најдобар начин да се одржи проширувањето на вистинскиот пат и да се постигнат брзи резултати.

На прашањето колку е реално 2030 година да се третира како таргет датум за проширување на Унијата, Османи со одговор:

“Поставувањето на 2030 година како таргет датум за членство, може повторно да го заживее процесот на пристапување и да создаде позитивен реформски натпревар кон постигнување на целта за полноправно членство. Тоа е целосно остварливо, а неговото исполнување ќе зависи од тоа што ние како кандидати и ЕУ ќе направиме дотогаш, во однос на нашата подготвеност и институционалното и политичкото прилагодување. Ни треба ново ниво на доверливост и кредибилитет. ” рече Османи, додавајќи дека тоа претставува исклучително важен геополитички интерес.

Во однос на истото прашање, Шаленберг со јасна порака дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. “Проширувањето е процес заснован на заслуги што значи дека секоја земја треба да одлучи колку брзо ќе продолжи напред на патот на интеграцијата во ЕУ. Ако Северна Македонија продолжи со својата актуелна реформска агенда, нејзиното пристапување во ЕУ е на дофат.”, подвлече Шаленберг

Шаленберг очекува од граѓаните на Северна Македонија да продолжуваат да се стремат кон европската иднина и во овој контекст, да успеат да ги изгласаат потребните уставни измени, како следен чекор кон Унијата.

“Дозволете ми да ве уверам дека Австрија ја гледа Северна Македонија како силен иден партнер во ЕУ и ние ќе продолжиме сесрдно да ја поддржуваме земјата на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Не само затоа што сме пријател на Западен Балкан, туку и затоа што тоа е геостратешка неопходност”, рече Шаленберг.

Министерот Османи нагласи дека Северна Македонија има 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ, како значајна потврда за нашето геостратешко позиционирање.

“Би било важно проширувањето да се вклучи во следниот буџетски циклус на ЕУ. Основниот пакет може да вклучува барем присуство на секторски министерски состаноци без право на глас и учество на единствениот пазар на ЕУ. Овој модел би можел да зависи од одредени предуслови како што е целосното усогласување на кандидатите со ЗНБП на ЕУ за добивање место на масата во Советот за надворешни работи” заклучи Османи.

Целосното интервју на следниот линк: https://www.euractiv.com/section/enlargement-neighbourhood/interview/gradual-integration-best-path-to-eu-membership-two-ministers-say/

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy