Оркестарот на Филхармонија загуби исклучителен трубач: Горан храбро се бореше со болеста во изминативе неколку месеци
„Нашиот трубач Горан Арменски денеска ја изгуби битката со тешката болест со која храбро се бореше во изминативе неколку месеци., информираат од Филхармонија.
Горан беше исклучителен трубач, посветен уметник и прекрасен колега. Нашиот оркестар изгуби врвен професионалец и човек кој имаше питома душа и искрен однос со сите.
Длабоко сочуство до неговото семејство, нека му е лесна земјата и вечен споменот.