(ВИДЕО) Глушец трча на плажа во Црна Гора, ова поттикна шеги, но и критики
Глувци ги вознемируваат туристите на плажа во Црна Гора.
Подгорички времеплов редовно прикачува видеа од инциденти од црногорските плажи, а сега најголемо внимание привлекува видеото на кое глушец трча по пешкири и напаѓа луѓе. Не се прецизира за која плажа се работи, иако луѓето веќе шпекулираат, обвинувајќи ги капачите кои оставаат отпад зад себе, но и надлежните служби.
Инаку, угледни магазини ја пофалија Црна Гора дека е идеално место за одмор и дека како дестинација е потценета.