Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски ги посети малите херои на клиниките во Скопје: Новогодишна радост за најмалите, но најголеми херои!
Македонија

Ѓорѓиевски ги посети малите херои на клиниките во Скопје: Новогодишна радост за најмалите, но најголеми херои!

23/12/2025

AA

Град Скопје и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ги посетија децата кои се на лекување во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај деца – Козле, Универзитетската клиника за детски болести и Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје.

Со новогодишни пакетчиња и подароци, градоначалникот и тимот на Град Скопје се обидоа да им донесат насмевка, топлина и чувство на поддршка во овие тешки моменти. „Оваа посета е израз на длабока грижа и поддршка за најмалите херои, кои секојдневно водат свои храбри битки“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека ваквите иницијативи имаат цел да внесат радост, надеж и утеха во срцата на децата и нивните семејства. „Верувам дека хуманоста и солидарноста се наша заедничка обврска. Грижата за децата, особено за оние на болничко лекување, мора да биде траен приоритет и доказ за зрелоста на едно општество“, додаде градоначалникот.

Преку оваа активност, градот испрати силна порака дека ниту едно дете не е заборавено и дека заедно може да се гради посилно, похумано и поодговорно утре. На сите малечки им беше посакано брзо и успешно закрепнување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy