Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лукровски: Системот на безбедност мора да функционира доколку сакаме да имаме мирни празнични денови
Македонија

Лукровски: Системот на безбедност мора да функционира доколку сакаме да имаме мирни празнични денови

23/12/2025

AA

Во пресрет на претстојните празнични денови, денеска, во просториите на Општина Карпош, се одржа координативен состанок помеѓу полициските службеници од Полициска станица Карпош и претставниците на месните и урбаните заедници. На средбата присуствуваа градоначалникот Сотир Лукровски и Секретарот на општината Мирјана Пехчевска Поп Илиева, како и командирот на ПС Карпош Стефан Тасевски, помошник командирот Милорад Јосифовски, водичот на безбедносен реон Моника Саздова, началникот на ОКР Карпош Давор Дракуловски и помошник началникот Јулијана Станчова. Ова е долгогодишна пракса за одржување на вакви средби на кои се дискутира за активностите кои се преземаат преку целата година, како и за претстојниот празничен месец ,и како граѓаните да се справат со кражби, пријави за пиротехнички материјали и слично.

Првиот човек на Општината, Лукровски посочи дека системот на безбедност е главното нешто кое треба да функционира.

„Би сакал да потенцирам дека овие средби се од големо значење за превземањето на соодветни мерки во зајакнувањето на јавниот ред и мир во Карпош. Системот на безбедност мора да функционира доколку сакаме да имаме мирни празнични денови. Треба да соработуваме со нашите полициски службеници и секако да веруваме во нив“ – рече кратко Лукровски.

Началникот на ПС Карпош, Давор Дракуловски , додаде дека средбите со граѓаните во секоја урбана и месна заедница имаат за цел да обезбедат едукација и превенција од несакани ситуации.

„Би сакал да апелирам до граѓаните и до вас како претставници од УЗ и МЗ, дека е потребно пред се, да се врати довербата во Полицијата. Ние сме тие кои можеме да преземеме мерки и да дејствуваме согласно нашите ингеренции, па затоа бараме поддршка и соработка со сите Вас“ – истакна Дракуловски.

Општина Карпош апелира до сите граѓани, секој сомнителен случај да го пријавуват во урбаните и месните заедници кои имаат обврска навремено да ги контактираат и да соработуваат со полициските службеници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy