Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Аеродром со повик до жителите за пријавување на штети од излевањето на Маркова река во Горно Лисиче
Македонија

Општина Аеродром со повик до жителите за пријавување на штети од излевањето на Маркова река во Горно Лисиче

03/04/2025

AA

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче.

Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД Водостопанство, чии претставници излегоа на терен и ги презедоа сите неопходни мерки за превенција со цел да се спречи поплавување на домовите што се наоѓаат во близина на текот на реката во Горно Лисиче. Екипите се постојано на терен и ја следат ситуацијата.

Според информациите од терен, нема нанесени штети на куќи, но се поплавени  неколку магацини и земјоделски објекти, како и дел од полето во Горно Лисиче.
Оттука, Општина Аеродром ги повикува жителите што имаат имот во поплавеното подрачје да ги пријават материјалните штети со поднесување пополнет образец во Архивата на Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче, секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот.

Рокот за поднесување на пријавите трае десет работни дена од денот на излевањето на Маркова Река што се случи на 1 април (вторник), односно повикот ќе трае заклучно со 14 април (понеделник).

Образецот може да се најде на овој линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari, како и во Општина Аеродром или во Урбаната заедница во Горно Лисиче. Покрај пополнување на ова барање, подносителите треба да достават важечки документ за идентификација, доказ за сопственост (копија од имотен лист), како и фотографии од локацијата по претрпената штета.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА

21/10/2026
Македонија

ОТФРЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА СДСМ ЗА ПОЛИТИКИТЕ КОН НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА Уставниот

21/10/2026
Македонија

ЗАВРШИ СОСЛУШУВАЊЕТО НА ВЕШТАКОТ ЗА „ПУЛС“ Одбраната се повикува на

21/10/2026
Македонија

СВЕДОК ТВРДИ ДЕКА УПРАВНИОТ ОДБОР НЕ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЗА НАБАВКА

21/10/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕОПРАВДАНОТО ШИРЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ АПАРАТ Нацрт закон носи

21/10/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46304
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

22/10/2026

Корисниците од Македонија во текот на 2025 година потрошиле околу 1,4 милиони евра на популарната интернет-платформа OnlyFans, покажуваат податоците од

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интересираат интересите

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

ПРЕКУ БРВЕНИЦА АХМЕТИ СЕ ОБИДУВА ДА СЕ ВРАТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА Не го интереисраат граѓаните

21/10/2026

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy