Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Опсервер: Приказната за трагедијата на Брезеви базирана на неточни информации
Македонија

Опсервер: Приказната за трагедијата на Брезеви базирана на неточни информации

30/10/2023

AA

Случајот на Брезеви е во центарот на судскиот процес против Клиника Жан Митрев и д-р Митрев и се започна со објавување на нивната приказна. Но, сведочењето на Мелита Брезева покажа дека освен трагедијата што го снајде ова семејства, целата приказна е базирана на неточни информации. Сето она што претходно беше претставено за лечењето на Брезеви, самата Мелита Брезева го демантира со своето сведочење.

Една од првите работи што беше неточно претставена е дека хемофилтрацијата им била наметната, а за ова прашање Брезева ќе сведочи „стриктно во однос на хемофилтрацијата веќе ви реков дека токму Никола беше оној кој кога одеше во Клиниката Жан Митрев за да превентивно се пријави за лекување за да случајно не му се влоши состојбата повеќе, беше оној кој беше уверен дека хемофилтрацијата ќе му помогне ако дојде до тоа, истото се забележува и од пораките кои ми ги праќаше мене токму тој, вистина веруваше во тоа“.

Докторскиот конзилиум првично оценил дека пациентот на треба да прима хемофилтрација,  според сведочењето на Брезева – „на 27 март 2021 година, се сеќавам дека ми се јави и ми рече дека ќе го стават на хемофилтрација, дека го преместиле во друга соба. Тој цела ноќ бил во исчекување дека ќе му направат хемофилтрација, но утредента ми рече дека е одлучено од конзилиум од лекарите да не му прават. Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие кои им прават побрзо се подигаат, така мислеше тој“.

 

Во своето излагање, Брезева уште кажа дека нејзиниот сопруг по првата хемофилтрација имал негативен тест за корона.

Исто така, сведочењето на главниот сведок откри дека од ова семејство петмина се лечеле со хемофилтрација. Двајца се хоспитализирани пред Никола Брезев, а двајца по неговата хоспитализација. Кај тројца од нив воопшто не е употребена хемофилтрација. Три хемофилтрации имало кај пациентот Никола Брезев, а една хемофилтрација му била направена на Борче Леков, зет за сестра на Никола. Кај таткото, мајката и ќерката на Никола не била направена ниту една хемофилтрација, иако тие биле хоспитализирани и лекувани од Ковид 19 во Клиника Жан Митрев.

На сите од ова семејство вратени им се  парични средства приближно 26.000 евра.

Но и покрај тоа, семејството Брезеви има поднесено тужба против Клиника Жан Митрев за оштета.

Независно од тоа, и покрај своето сведочење што ги поби наводите на обвинителството Мелита Брезева бара оштетно побарување и тоа за износите кои ги платила, според нејзина евиденција три хемофилтрации од по 183.000,00 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Жена не може да оди по породување со царски рез во штипската болница, најавена вонредна

01/08/2026

Министерството за здравство најави вонредна инспекција во Клиничката болница во Штип, откако 19-годишна пациентка останала со тешки невролошки последици по

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy