
Јончевски: Естонија не е наивна – в петок во Скопје ќе се решава патникот на ЕП!
Според многумина, ова е клучниот натпревар за евентуалниот пласман на жолто-црвените на првиот континентален собир по пауза од десет години. Со тоа се согласува и селекторот, Александар Јончевски.
„Полска како домаќин сигурно ќе игра на ЕП, а Литванија со децении нема пропуштено континентален собир, поради што шансата треба да ја бараме во дуелите со Естонија. Првиот натпревар е на домашен терен и тој е најбитниот за нас без разлика на циклусот кој трае цела година. Ќе се задоволам со било каков триумф бидејќи за противник имаме репрезентација која има девет интернационалци од Шпанија, Италија и Германија. Но, играме на домашен терен и верувам дека атмосферата која што ќе биде направена во ‘Кале’ ќе биде на задоволително ниво. За играчите знам дека ќе дадат максимум, што ќе биде мотив плус и шанса за позитивен исход“, изјави Јончевски.
Вториот меч за жолто-црвените во овој репрезентативен прозорец е гостувањето кај Полска, закажано за 26 февруари.
