Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Омилените музичари на кралот Чарлс одбија да настапат на крунисувањето
Македонија

Омилените музичари на кралот Чарлс одбија да настапат на крунисувањето

18/04/2023

AA

Откако омилените музичари на кралот Чарлс одбија да настапат на крунисувањето, познато е кој ќе ги замени.

Како што јавува Би-Би-Си, Кети Пери, Лајонел Ричи и групата Take That ќе го водат концертот што ќе се одржи на 7 мај во рамките на прославата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, што ќе се одржи ден претходно.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Сепак, првичната желба на кралот Чарлс беше Ед Ширан и Адел да настапат, но тие одбија.

Концертот ќе се одржи во замокот Виндзор и исто така ќе има дует на меѓународната оперска ѕвезда Андреа Бочели со добитникот на Греми Брин Терфел, како и кантавторката Фреја Ридингс заедно со класичниот композитор и пијанист Алексис Френч.


Покрај познатите фаци, ќе настапи и групата позната како The Coronation Choir, составена од хорови од заедницата и пејачи аматери од цела Велика Британија.

Сите ќе имаат можност да пеат пред 20 илјади луѓе, а се очекува крунисувањето пред малите екрани да го следат неколку милиони луѓе.


Концертот ќе биде дел од тридневните прослави што се одржуваат низ целата земја, на кои ќе биде поканета да учествува и јавноста, а како што се приближува мај, палатата објави повеќе детали за историската пригода.

Така тие го открија необичниот дизајн на поканата испратена до две илјади гости кои ќе учествуваат на церемонијата на крунисувањето, како и детали за вагоните, процесите на крунисување, па дури и нов емотикон кој ќе може да се користи на социјалните мрежи за го одбележи крунисувањето на кралот Чарлс.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy