Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОКТА во фото-финиш! Само уште 7.000 акции го делат ЕЛ.П.ЕТ да ги исчисти сите други акционери во ОКТА
Економија

ОКТА во фото-финиш! Само уште 7.000 акции го делат ЕЛ.П.ЕТ да ги исчисти сите други акционери во ОКТА

05/09/2024

AA

Грчкиот акционер во ОКТА континуирано три месеци купува акции во ОКТА по фер цена која изнесува речиси 6.000 денари за акција. И таа цена ја плаќа за секоја купена акција од малите акционери физички лица и покрај тоа што тие акции во суштина и не им требаат за да управуваат со компанијата

Уште само 7.000 акции со право на глас го делат ЕЛ.П.ЕТ („Хеленик Петролеум“ н.з.) од целосна сопственост врз ОКТА најголемата македонска компанија за продажба на големо на нафтени деривати.

Според најновото известување кое скопската компанија ОКТА го објави вчера на берзанскиот информативен сервис СЕИ НЕТ сега ЕЛ.П.ЕТ поседува 712.392 акции со право на глас во ОКТА. Тоа се 84,17 отсто од сите права на глас во ОКТА.

Од почетокот на јули до сега ЕЛ.П.ЕТ во континуитет откупува акции во ОКТА од другите помали акционери. Нивната цел е во целост да ги откупат сите слободни акции во скопската компанија која е дистрибутер на грчката државна рафинерија за нафтените пазари во Македонија и на Косово.

Активностите за откуп на сите акции започнаа со откупот на акциите на „Пуцко Петрол“. Како што веќе пишувавме оваа компанија плати над 7 милиони евра за сите акции на „Пуцко Петрол“. На тие акции големиот трговец од малата Пласница заработи околу 7 милиони евра. Повеќе детали на следниот линк https://faktor.mk/eden-e-voren-bafet-od-plasnica-kako-pucko-petrol-od-alashverish-so-akcii-na-okta-za-eden-den-zaraboti-7-milioni-evra

По купувањето на акциите од „Пуцко Петрол“ ЕЛ.П.ЕТ продолжи да ги откупува сите акции по иста цена од речиси 100 евра за акција кои на берзата ги понудија малите акционери – речиси без исклучок домашни физички лица.

За истакнување е конзистентноста на грчката компанија и особено фер пристапот кон малите акционери. Затоа што и покрај тоа што не им се потребни за управување со компанијата тие ги купуваат сите слободни акции по истата цена односно по речиси 100 евра за акција.

Сега според официјалните податоци на ЕЛ.П.ЕТ му преостануваат да купи уште 7.000 акции во ОКТА и потоа да може да го активира законскиот механизам за целосен откуп на акции.

Имено нашата законска регулатива што ја регулира областа на превземање акционерски друштва предвидува и одобрува откуп на акции доколу еден акционер стигне до посед на 95 отсто од сите акции со право  на глас.

Во случајот на ОКТА тоа значи дека наскоро може да се очекува ЕЛ.П.ЕТ да докупи уште 7.000 акции и со тоа да го добие законското право да ги докупи и последните 5 отсто слободни акции. Тоа би бил задолжителен откуп во кој по сила на закон сите преостанати сопственици ќе ги продадат акциите по пазарна цена.

При тоа акциите кои ОКТА ги чува во сопствен откуп ќе може да бидат поништени или пак и понатаму компанијата ќе може да ги чува. Тие и сега се без право на глас и без право на дивиденда.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
Македонија

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати

22/08/2026
Македонија

Нов правилник за игрите на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата

22/08/2026
Македонија

17 пожари на отворен простор регистрирани до 13 часот, 11

22/08/2026
Македонија

Над 260 прекршоци во една вечер во Скопје, санкционирани 102

22/08/2026
Македонија

Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи

22/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ евидентирал над 310 илјади прекршоци, најголем дел за

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45184
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026

Запуштената зелена површина на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје се уредува и наскоро треба да добие нов изглед, информира

Најмалку 20 пожари беснеат низ земјава, критично кај Струмица

22/08/2026

Повеќе региони во земјава денеска се погодени од пожари на отворен простор, при што најмалку 20 пожари се регистрирани на

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, бројот на починати се искачи на пет

22/08/2026

Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјава, со што бројот на смртни случаи од оваа инфекција се искачи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy