Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми
Македонија

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

20/05/2025

AA

Во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари значително се зголемува, компанијата ОКТА започнува активна соработка со Јавното претпријатие Национални шуми за превенција од пожари на отворено. Во рамки на оваа соработка, ОКТА донира дрон со специјализирана технологија за рана детекција на пожари, кој ќе им биде ставен на располагање на теренските екипи на ЈП Национални шуми. Дронот ќе ја зголеми  ефикасноста во мониторирањето на шумите и ќе овозможи брза реакција на надлежните институции во критичните региони. Оваа донација претставува реален придонес за поголема ефикасност во заштитата на шумските ресурси и безбедноста на теренските екипи.

Паралелно, ОКТА, во партнерство со ЈП Национални шуми, иницира превентивни едукативни активности под слоганот „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, кои имаат за цел да ја подигнат јавната свест кај граѓаните за опасностите од невнимателно однесување – одложување отпад на отворено, палење огнови, палење стрништа и непочитување на прописите за безбедно однесување во природа.

„ОКТА е компанија која својата општествена одговорност ја практикува преку реални и одржливи активности. Со оваа донација и со кампањата, заедно со ЈП Национални шуми, вложуваме во заштитата и безбедноста на природните ресурси во земјата. Цврсто сме уверени дека преку стратешки партнерства со институциите и активно вклучување во едукацијата за превенција, можеме да постигнеме значајни резултати и да ги намалиме катастрофалните последици по природата и заедницата. Сакаме заедно да испратиме јасна порака дека: Заштитата на шумите е заедничка одговорност, а превенцијата – најмоќното средство против катастрофи“, изјави главниот извршен директор на ОКТА Димитриос Пасхос.

ЈП Национални шуми, заедно со локалните противпожарни единици, Републичкиот центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, се во првата линија за справување со пожарите на отворено во државата.

„Соработката со ОКТА претставува важен чекор напред во нашите напори за заштита на шумите и природата од пожари. Новата опрема, особено дронот со напредна технологија, значително ќе ни помогне во раното откривање на пожари и ќе ја зголеми ефикасноста на нашите теренски тимови. Превенцијата е од суштинско значење – затоа, паралелно со технолошкото унапредување, активно се вклучуваме и во едукативната кампања за подигнување на јавната свест. Шумите се заедничко национално богатство и нивната заштита бара заедничка акција и одговорност од сите“, потенцира проф. д-р Здравко Трајанов, в.д. директор на ЈП Национални шуми.

Минатата година ОКТА обезбеди специјализирана опрема за гаснење на пожари на непристапни терени, која ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, чија околина минатото лето ја зафатија големи пожари. Истата година ОКТА го отвори и првиот тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати во земјата, наменет за обука и изведување на вежби за гасење пожари во безбедни и строго контролирани услови.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy