Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ – ова се деталите
Економија

ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА ОБЈАСНИ КАКО И ПО КОЈА КАМАТА ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ – ова се деталите

20/05/2025

AA

Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договорена рамка од 6 милијарди евра од кои земјата ќе влече средства согласно реализацијата на проектите, а каматата по која ќе се одобрат, а се уште е во фаза на преговарање, ќе биде на ниво како и кај договорите што ги имаме со другите меѓународни институции. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју на Радио Лидер.

„Кога се договараат одредени инвестиции, најпрвин треба да се утврди рамка, односно првиот момент е рамката којашто во случајов е 6 милијарди евра, што не значи дека целосно ќе биде искористена сега и веднаш. Треба нешто да се направи за да се повлечат средствата, односно задолжувањето почнува во оној момент кога ќе почне да се плаќа.“, рече минитерката за финансии и додаде дека неоправдано е да се повлечат средства и да стојат неискористени.

Таа додаде дека каматната стапка се уште се преговара и тоа треба да се потврди, но смета дека сигурно ќе биде пониска од оние 7% коишто државата ги плаќа за реализација на проектот на „Бехтел и Енка“, односно Коридорите 8 и 10д.

„Проектното финансирање, градење инфраструктурни проекти кои ги оставате на идните генерации да се финансираат со камати од 5%, 7% е пропаст за буџетот. Каматата ќе биде на она ниво што го добиваме и од другите меѓународни институции со кои соработуваме како Светска банка, Европска банка за обнова и развој, Европска инвестициска банка и слично“, истакна министерката.

Повтори дека првото плаќање, како што беше соопштено од страна на премиерот и потпреседателот на Владата, би било во 2027 година. 

„Немам детали околу проектот, но можам да кажам дека фактура ќе дојде кога нешто ќе биде реализирано. Значи има простор да се реализираат одредени работи, па потоа да се плати“, наведе министерката.

Според министерката интересот на британската Владата во потпишување на овој договор е истиот интерес што го имаат и другите меѓународни институции со кои имаме слична соработка, но дека најважно е дека тие имаат доверба во Владата. При тоа потенцира дека не може да навлезе во она што се разговара детално, затоа што договорот е во рамки на Министерството за транспорт и врски, и оти може да зборува од аспект на економист.

„Во економијата има фактична состојба, треба да се има доверба и сигурност. Како некој ќе ни даде пари ако нема сигурност. Зборуваме за комплетен пакет. Прво стои државата која пружа рака на нашата држава, ни обезбедува финансирање под истите услови и на многу подолги рокови. А знаеме декаколку е износот поголем и рокот подолг толку ризикот е поголем“, посочи министерката.

Истакна дека се очекува позитивно влијание од проектот врз растот и висината на јавниот долг. При тоа сподели дека во наредниот период се очекува намалување на јавниот долг, помало задолжување и момент кога ќе се влезе во суфицит со цел да може да се враќаат долговите.

Во однос на средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на приватниот сектор, односно компаниите, рече дека транспарентно се објавени условите под кои се одобруваат средствата кон крајните корисниците. Посочи дека има услови под коиРазвојната банка ги пласира средствата кон комерцијалните банки, а тие ги одобруваат срествата, ги процесираат и ризикот е кај нив.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy