
Ѓоковиќ: Се надевам дека проблемот со зглобот не е од посериозна природа
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се надева дека проблемот со зглобот не е сериозен.
При победата над Јиржи Лехечка 6:1, 6:7 (3-7), 6:1, Ѓоковиќ се мачеше со зглобот.
„Се надевам дека не е ништо сериозно. Тоа ми се случи на загревањето, имав постојан третман на зглобот пред натпреварот, за време на натпреварот и по натпреварот. Се обидов да се справам со тоа на најдобар начин што можев. Не ми е прв пат во такви околности, во професионалниот спорт се случуваат такви работи. Мислам дека тоа не е голема грижа, бидејќи успеав да го завршам натпреварот и да одиграм добро, иако можеби не бев на 100 проценти. Се надевам дека ќе имам доволно време да се опоравам за четвртфиналето“, изјави Ѓоковиќ.
Србија во среда од 10 часот ќе игра со Австралија во четвртфиналето на Купот на Јунајтед, а противник на Ѓоковиќ ќе биде Алекс де Минор.
„Веројатно ќе биде полн стадион, со нетрпение го очекуваме. Ќе биде бучно од двете страни. Тие се комплетен тим, особено се силни во двојки, но мислам дека и ние се снаоѓаме – овие победи во мешаницата се пријатно изненадување за нас. Ако е 1-1 по сингл, не сме фаворити во двојки, но ќе се бориме до крај“.