Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓоковиќ повторно број еден – Надал отпадна од Топ 100
Македонија

Ѓоковиќ повторно број еден – Надал отпадна од Топ 100

15/06/2023

AA

Најдобриот светски тенисер и освојувач на рекордни 23 гренслем титули, по третиот триумф во кариерата во Париз, ја започна 388-та недела од владеењето во светскиот тенис.

Така ќе има можност дополнително да го подобри рекордот кој одамна го поседува.

Новак е на чело на листата со 7.595 бодови, а од врвот го симна шампионот на УС Опен, Шпанецот Карлос Алкараз, кого претходно го совлада во полуфиналето.

Тоа практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе дојде на Вимблдон како број еден и таму ќе ја започне одбраната на титулата како прв носител.

Алкараз е втор со 7.175 поени или 420 поени зад најдобриот.

Данил Медведев падна од втората на третата позиција и има 6.100 бодови, додека финалистот на Ролан Гарос, Норвежанецот Каспер Руд остана на четвртото место и има 4.960 бодови.

Што се однесува до првите десет, уште една промена, Русинот Карен Хачанов, кого Новак го победи во четвртфиналето, скокна од 11. на 10. место и има 3.125 бодови.

Се случи она што беше најавено – Рафаел Надал, кој не можеше да игра поради повреда, загуби 2.000 поени и како резултат на тоа испадна од Топ 100 на светската листа.

Рафа падна за дури 121 позиција и оваа недела ја заврши на 136. место.

АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 7. 595
2. Карлос Алкараз 7.175
3. Данил Медведев 6.100
4. Каспер Руд 4.960
5. Стефанос Циципас 4.920
6. Холгер руна 4.375
7. Андреј Рубљов 4.000
8. Тејлор Фриц 3.515
9. Јаник Синер 3.330
10. Карен Хачанов 3.125
136. Рафаел Надал 445

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy