Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓоковиќ: Не се каам за двата пропуштени турнири во САД
Регион

Ѓоковиќ: Не се каам за двата пропуштени турнири во САД

22/03/2023

AA

Сè уште храбро и цврсто стои зад своите ставови и одлуки. Новак Ѓоковиќ не жали што ги пропуштил двата Мастерса во Америка – Индијан Велс и Мајами затоа што решил да не се вакцинира против корона вирусот.

Иако ги доставил документите за виза, барањето му било одбиено, па не можел да влезе во САД и да учествува на првиот Мастер годинава. Затоа не можеше да ја одбрани првата позиција на АТП листата, која му ја одзеде Карлос Алкараз со освојувањето на трофејот во калифорниската пустина.

– Не, не се каам – изјави Ѓоковиќ во ексклузивно интервју за новинарката на Си-Ен-Ен, Беки Андерсон.

– Во животот научив дека жалењето само те кочи и во основа те тера да живееш во минатото, а јас не сакам да го правам тоа.. Сакам да бидам фокусиран на сегашниот момент, но секако размислувам за иднината, создавајќи подобра иднина. Затоа му честитам на Алкараз. Апсолутно заслужува да се врати на првото место.

Не жали што ги пропушти, но жали што не можеше да игра на Мастерсот.

– Штета што не можев да играм во Индијан Велс во Мајами. Ги обожавам тие турнири. Имав многу успеси таму, но во исто време, донесов свесно таква одлука и знаев дека секогаш постои можност да не одам, и се надевам дека тоа ќе се промени за УС Опен. За мене тоа е најважниот турнир на американско тло.

Ѓоковиќ по којзнае кој пат истакна дека во оваа фаза од неговата кариера најважни се Грен слем турнирите и затоа се надева дека барем ќе игра во Њујорк.

– Многу сакам да играм на УС Опен. Имам многу убави спомени. Иако го загубив финалето од Медведев во 2021 година, добив многу љубов и почит од луѓето, па сакам да се вратам таму. Имав еден од најдобрите моменти со публиката во Њујорк. Три пати славев во Њујорк. Се надевам дека ќе играм таму.

Следна станица за Ѓоковиќ е Монте Карло, првиот Мастерс на земјена подлога. Подготовката на Новак за сезоната на црвената земја започнува со турнирот во Монако.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас

08/09/2026
Македонија

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот

08/09/2026
Македонија

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна

08/09/2026
Македонија

Хералдичарот Јоновски: Апсолутно немаме хералдички грб, во 1991 година поради

08/09/2026
Македонија

Георгиевски: Само три-четири дена имавме за подготовка на историската прослава

08/09/2026
Македонија

Како се приватизираше македонската економија? Трпески посочи каде бил проблемот

08/09/2026
Македонија

„Киро Глигоров го имаше 001, јас го имав 101“ –

08/09/2026
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45574
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трајко Симоновски: Тоше беше Македонија што ја носевме со нас низ целиот свет

08/09/2026

„Нека живее и здрава Македонија“ – со оваа порака музичарот Трајко Симоновски од бендот на Тоше Проески го честиташе Денот

Котевска за 35 години независност: Треба да го вратиме духот на заедницата

08/09/2026

Режисерката Тамара Котевска смета дека една од најважните работи за иднината на Македонија е повторно да се изгради чувството на

Авторот на македонското знаме Грчев: Ова знаме има своја визуелна енергија, но треба графички да

08/09/2026

Кога Мирослав Грчев во 1995 година започнал да работи на новото македонско знаме, пред него стоела задача што не била

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy