Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Околу Прилеп најдени неексплодирани гранати од Првата светска војна
Магазин

Околу Прилеп најдени неексплодирани гранати од Првата светска војна

16/05/2024

AA

Регионалниот центар за управување со кризи – Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба.

– Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК, потенцираат надлежните.

Од ЦУК и денеска алармираат за внимателност при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се вози внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од ЦУК.

Изминатите 24 часа имало вкупно 1.677 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

– „Реални“ повици биле 56,59 отсто, а 43,41 проценти за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 64,43 проценти, кон Итната медицинска помош – 30,04 отсто, а кон пожарникарите – 1,58 проценти од реалните повици, додаваат од ЦУК. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
Македонија

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026
Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот

19/08/2026
Македонија

Пожарот кај Чаниште и натаму активен, Ангелов: Селата засега не

19/08/2026
Македонија

Расчистени две измами во Охрид и Струга, двајца велешани осомничени

19/08/2026
Македонија

Авионска дезинсекција против комарци од утре, терестична од недела

19/08/2026
Македонија

Нови препораки за водоснабдувањето во Гостивар: Поголем надзор, контрола на

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45119
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана дезинсекција

19/08/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагираше на обвинувањата од СДСМ за справувањето со комарците и ширењето на западно-нилската треска, оценувајќи

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност од Орце Ѓорѓиевски

19/08/2026

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира, а состојбата е алармантна, оцени денеска претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар

Четири лица починаа од западнонилска треска, во Македонија 38 заболени

19/08/2026

Бројот на заболени од западнонилска треска во земјава продолжува да расте, а досега се регистрирани и четири смртни случаи. Според

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy