
OJO Кичево ќе се жали за одлуката на судот!
Основното јавно обвинителство Кичево ќе вложи жалба на одлуката на судот.
„Основното јавно обвинителство Кичево во текот на утрешниот ден ќе вложи жалба на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот суд Кичево со која на извршителката осомничена за стек од три кривични дела и беа определени мерки на претпазливост наместо предложената мерка притвор“, велат од таму.