![Први изјави на очевидци на терористичкиот напад во Москва: „Отворија оган од автоматско оружје“](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/1711138791_3845071_koncert_ls-850x560.webp)
Први изјави на очевидци на терористичкиот напад во Москва: „Отворија оган од автоматско оружје“
Терористички напад се случи во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва. Засега не се знае точниот број на жртви, но се споменуваат и до 50 загинати.
Според руските медиуми, избувнал и пожар кој го зафатил целиот покрив, но пожарникарите не можеле да почнат да го гаснат поради терористите кои биле во зградата.
На терен се силни полициски сили.
Според извештаите, најмалку три лица во маскирни униформи отвориле оган.
„Луѓе во маскирни униформи влегоа во салата, од кои најмалку тројца отворија оган од автоматско оружје. Има ранети“, изјави еден од очевидците, кој додаде дека напаѓачите фрлиле граната или запалива бомба што го предизвикала пожарот.
„Луѓето во салата легнаа на подот за да се спасат од пукањето, така лежеа 20 минути, а потоа извлекоа. Многумина успеаја да излезат“, изјави очевидецот.
Музичарите од групата „Пикник“, кои одржаа концерт во таа сала, не се повредени.