Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одреден е 30-дневен притвор за четворицата осомничени
Македонија

Одреден е 30-дневен притвор за четворицата осомничени

06/12/2023

AA

Прифатен предлогот на Обвинителството за продолжување на притворот за четворицата осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, кои вечерва беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје.

На сите им е определен 30 дневен притвор, потврдуваат од Обвинителството.

Според ОЈО, тројца од нив како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, додека пак четвртиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.

Постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на лице од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје.

Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените.

На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето.

Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
Македонија

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46870
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се

21/11/2026

Жителите на Крива Паланка денеска излегоа на протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет е и отпадот што се

21/11/2026

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во другите земји што не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy