Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и за криминал со ИПАРД фондовите
Македонија

Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и за криминал со ИПАРД фондовите

26/02/2026

AA

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост ги одобри двете големи обвиненија поднесени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Станува збор за предметот за пожарот во кочанскиот објект „Пулс“ и случајот со коруптивни злоупотреби поврзани со европската ИПАРД програма.

​Првиот одобрен акт се однесува на 13 полициски службеници кои ќе седнат на обвинителната клупа под сериозно обвинение – Тешки дела против општата сигурност. Овој случај е директно поврзан со страотниот пожар кој на 16 март 2025 година избувна во објектот „Пулс“ во Кочани.

​Вториот предмет опфаќа финансиски и коруптивни малверзации. Обвинението е насочено против пет физички лица за низа кривични дела: Давање и примање поткуп, како и Давање и примање награда за противзаконито влијание.

​Во склоп на овој предмет има и обвинителен предлог против уште четири други физички и едно правно лице. Сите дела се поврзани со незаконско користење на средства преку европската ИПАРД програма.

​Врз основа на одобрените акти, веќе се формирани кривично-правните предмети (КОК бр. 4/26 и КОК бр. 5/26).

Од Судот информираат дека преку АКМИС-системот овие предмети ќе бидат електронски распределени кај надлежни судии за понатамошно постапување. Термините за првите главни расправи ќе бидат дополнително објавени во Календарот за судења на веб-страницата на Кривичниот суд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy