Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСПРАА РАЦЕ ОД СЛУЧАЈОТ „КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ГРУБИ“ Надзорот не е во надлежност на Советот на јавни обвинители
Македонија

ИСПРАА РАЦЕ ОД СЛУЧАЈОТ „КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ГРУБИ“ Надзорот не е во надлежност на Советот на јавни обвинители

26/02/2026

AA

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавни обвинители на РСМ, по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, Вишото јавно обвинителство е тоа што го врши надзорот.

– Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот – стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.

Министерот за правда Филков, завчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

На почетокот на неделата поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се сомничи за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ-апарати во „Државната лотарија“, по 14 месеци бегство беше уапсен на граничниот премин Блаце по што доби мерка 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор по одлука на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy