Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски на изјавата на премиерот Мицкоски
Македонија

ОДЛУКИТЕ ЗА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА БЕА УСТАВНИ Реакција на експретседателот Пендаровски на изјавата на премиерот Мицкоски

18/01/2026

AA

Уставниот суд уште пред повеќе од 5 години потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот, а уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, вели поранешниот претседател Стево Пендаровски во реакција на денешната изјава на премиерот Христијан Мицковски.

„Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицковски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните резултати од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои, за жал, на „експертот за енергетика“ претходно не му ги објасниле неговите „големи правници“. Имено, Уставниот суд уште пред повеќе од 5 години, со мнозинство гласови, потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и со законите. Второ, уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата. Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат“, се вели во реакцијата на Пендаровски.

Трето, додава поранешниот претседател, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба.

„Мене ми е јасно,  дека и ова образложение нема да го спречи Мицковски да продолжи неосновано да обвинува и да клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее“, реагира Пендаровски.

ТРЕБА ДА СЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ ПЕНДАРОВСКИ ПОСТАПУВАЛ НЕЗАКОНСКИ Премиерот не е изненаден од тврдењата на д-р Митрев, со оглед на „мафијашките упади“ од претходната власт

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy