Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска
Економија

Одлучна сум да работам без задршка и моето име утре да се поврзува со инвестиции, нови капацитети и создавање енергетски независна Македонија: Интервју со министерката Божиновска

12/12/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е жена која инспирира. Со години е успешна како менаџер, експерт за енергетика, а образованието, посветеноста и меѓународните искуства ѝ го трасирале патот во професионалната кариера. 

Секој ден откако стана министерка постојано е ангажирана, подвижна, работата ја демонстрира на дело, а голем предизвик ѝ се и младите за кои смета дека енергетиката им пружа многу можности и може да им го трасира патот кон успехот. Се разбира, за тоа треба работа, учење и вештини, а таа е секогаш тука да помогне… Божиновска е и поборник за женските права и вели дека живееме во време каде лесно се осудува, лесно се лепат етикети, а вистинските вредности тешко доаѓаат на површина. Исто е и за поставување на жени на раководни позиции…

ЖМ: Како експерт во областа на енергетиката, дали е тешко да се биде жена која работи и во енергетскиот сектор? Колку се потребни жртвувања, откажувања …?

Работата во енергетскиот сектор сама по себе е предизвик, независно дали сте жена или маж. Зошто предизвик? Треба да имате добро познавање на пазарот, да следите многу информации, да правите анализи и да давате мислење коешто се цени во овој домен на бизнис. Оваа работа не е едноставна, но затоа ја сакам, бидејќи оној кој навлегува длабоко во суштината на енергетиката има резултати, не дозволува површност. Исто како задачата што ја имам сега, да поставам министерство, да го водам и да дадам конкретни резултати. Како прв министер за енергетика, рударство и минерални суровини во Македонија сакам и знам дека ќе успеам моето име утре да се поврзува со реализирани инвестиции, градба на капацитети и создавање на енергетски независна Македонија, што ќе донесе бенефит за граѓаните и економски развој на земјата.

ЖМ: А, како е да се работи во делот на рударство и минерални суровини? Веруваме дека земјава може да се пофали на тој план, земајќи ги предвид ресурсите со кои располагаме.

– Рударството е столб на економијата во многу земји, вклучително и во нашата. Оваа индустрија моментално придонесува околу 1% во вкупниот БДП на државата. Македонија има богати ресурси, но тоа богатство треба внимателно да го користиме и чуваме. Вложуваме во модерни технологии кои ја минимизираат штетата врз животната средина и ги максимизираат придобивките за граѓаните. Освен тоа, секој рудник што го посетувам ми е потсетник дека зад бројките и статистиките стојат луѓе кои секојдневно се борат за просперитет. Рударскиот сектор создава над 8000 работни места и најважни се луѓето кои работат во оваа индустрија.

Целото интервју на Женски магазин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
Македонија

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ВОЗАЧОТ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: 39-годишник возел во

05/08/2026
Македонија

Осомничен полициски службеник – го оштетил државниот буџет

05/08/2026
Македонија

Државата издаде државни обврзници во износ од 41 милион евра;

05/08/2026
Македонија

Туристка пронајдена почината во хотел во Охрид

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44868
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал и ја тепал сопругата

05/08/2026

На 04.08.2026 во 15:10 часот во Македонска Каменица, полициски службеници го лишија од слобода Д.М.(62) од делчевско село, постапувајќи по

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од прометот

05/08/2026

На 04.08.2028 во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026

Охридското село Трпејца, познато како македонското Монако, веќе четврт ден со ред во ек на туристичката сезона е останато без

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy