Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?
Економија

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

19/03/2024

AA

И покрај тоа што располага со пет хотели во Скопје од кои 2 се во строгиот центар на главниот град „Македонијатурист“ и годинава веројатно големите пари ќе ги направи од приноси од вложувања во акции, удели во инвестициски фондови и камати од депозити. Лани од овие вложувања оваа успешна компанија оствари финансиски приходи вредни 1,6 милиони евра

Најголемата македонска хотелиерска компанија „Македонијатурист“ годинава очекува да ја зголеми добивката од дејноста за 12 отсто. Ова е декларирано во корпоративниот деловен план за 2024 година објавен деновиве на информативната платформа СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.

„Македонијатурист“ очекува профитот од дејноста годинава да достигне 755.000 евра и тоа би било 79.000 евра повеќе од минатата година. Според достапните податоци од корпоративниот план се гледа дека приходите се проектирани на 5,81 милиони евра. Растот би бил 5 отсто во однос на приходите од 2023 година или 253.000 евра повеќе.

Што се однесува до трошоците тие се планирани на 5,05 милиони евра и би биле за 4 отсто поголеми од претходната година. Од увидот во ставките кои ја сочинуваат структурата на расходите се гледа дека најголем раст е планиран кај вработените и тоа за 7 отсто. За нив се планирани 1,5 милиони евра во тековната година.

Својата дејност „Македонијатурист“ годинава ќе ја врши со хотелите: „Холидеј Ин“, „Бест вестерн“, „Белви“, „Карпош“ и „Турист“.

Од бизнис планот се гледа и оваа година најголем генератор на профит за „Македонијатурист“ ќе бидат нејзините вложувања во акции, други хартии од вредност, удели на инвестициски фондови и депозити.

За потсетување „Македонијатурист“ во различни типови хартии од вредност вложува 20 милиони евра. Од приноси на тие вложувања лани компанијата заработила 1,58 милиони евра. И по тој параметар во континуитет години наназад „Македонијатурист“ е една од најуспешните компании во земјава. Конкретно само од нејзиниот пакет акции во „Комерцијална банка“ доколку уште ги чува „Македонијатурист“ само од дивиденда за еден месец од сега ќе добие 800.000 евра.

Повеќе детали за минатогодишната работа на оваа компанија може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/koj-skopski-hotelier-od-dividendi-i-kamati-zaraboti-11-milioni-evra

Р.Ф.

foto freepik.com/dit26978

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022,

29/05/2026
Македонија

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами

29/05/2026
Македонија

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на

29/05/2026
Македонија

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

29/05/2026
Македонија

Приведени осум лица во случаи поврзани со дрога

29/05/2026
Македонија

Девет возачи уапсени за безобѕирно управување возило, пијани управувале мопед

29/05/2026
Македонија

Македонскиот фудбал во жалост: Загина младиот Аган Асани

29/05/2026
Македонија

Нè очекува претежно облачно, но топло време – температурите во

29/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43531
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Софија со порака до Скопје: Нема повлекување од договорот од 2022, Македонија мора да ги исполни

29/05/2026

Евроинтегративниот процес на Македонија останува директно поврзан со спроведувањето на обврските преземени во 2022 година, порача министерката за надворешни работи

М-НАВ да одговори на нашите прашања за проблемот кој сами го пријавиле, а не да

29/05/2026

Цел ден чекаме одговори од М-НАВ за проблемот кој сами го пријавиле преку објавување на НОТАМ (Notice to Air Missions)

Македонец осуден на 15 години затвор за планирање напад на концерт на Тејлор Свифт во

29/05/2026

Во Австрија е изречена пресуда од 15 години затвор за 21-годишен маж од македонско потекло, кој бил вмешан во планирање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy