
Од полноќ поевтинуваат сите видови горива
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од полноќ ќе поевтинуваат сите видови горива.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари. За исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+, кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари, што претставува намалување од 1 денар.
Поевтинување има и кај екстралесното масло за домаќинство, кое од утре ќе се продава по 68 денари, односно за 1,5 денари поевтино. Цената на мазутот се намалува од 37,6 на 36,7 денари по килограм.